Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски одвои 3.500.000 денари за спортските клубови од општината со која раководи (ФОТО)

October 3, 2023
1 min read

„Ние како никогаш досега го помагаме развојот на спортот во општина Бутел. Денеска одвоивме 3 милиони и 500 илјади денари за спортските клубови кои гравитираат во нашата општина“. Ова го напиша градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски на својата официјална страница на социјалната мрежа Фејсбук.

Според него, распределбата на финансиските средства е направена низ една максимално транспарентна процедура со објавен јавен повик врз база на правилник.

„Искрено се надевам дека овие финансиски средства ќе им помогнат на спортските клубови и ќе стимулираат нови национални, балкански, европски и олимписки шампиони. Спортот е клучен фактор за развој на поквалитетно и поздраво општество, додека високите спортски резултати како ништо друго помагаат да се изгради нацијата и државата“, напиша понатаму Костовски.

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, исто така информираше дека општината со која он раководи е најспортската општина во Македонија доколку се избројат постигнатите спортски успеси, не заборавајќи да напомене дека наскоро Бутел ќе биде шампион и во спортската инфраструктура.

Костовски рече дека тој и неговиот тим од општина Бутел ќе бидат цврст партнер на сите спортисти и спортски клубови од општината.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руперт Мардок најмногу ќе ѝ фали на – левицата

Следно

Ерменија го ратификуваше Римскиот статут, со што земјата е под јурисдикција на Меѓународниот кривичен суд

Latest from Blog

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop