Ревизори на ДЗР открија неправилности во болницата во Битола – укажуваат да се извади од бункер акцелераторот наменет за онколошки заболувања

October 3, 2023
1 min read

реклама

Ревизори на Државниот завод за ревизија, по извршената ревизија во ЈЗУ Клиничка болница-Битола, информираат дека во просториите на Болницата во посебен објект, бункер, сместен е линеарен акцелератор кој не се користи и не е внесен во сметководствената евиденција.

Во извештајот се нагласува дека акцелераторот е наменет за третман на онколошки заболувања, за чија набавка и инсталација од страна на Министерството за здравство во периодот од 2012 до 2017 година доделени се договори за јавна набавка во износ од 172 милиони денари, а до денот на ревизијата не се користи.

реклама

Имајќи ја предвид потребата од подобрување и зголемување на достапноста на онколошките здравствени услуги и рационалното користење на буџетските средства, ревизијата укажува дека е потребно во најкус можен рок да се преземат активности од страна на Болницата во соработка со Министерството за здравство за ставање на апаратот во употреба.

Во извештајот на ДЗР се наведува дека задолжителните здравствени услуги се недостапни за граѓаните, а од извршениот увид во податоците генерирани во „Мој Термин“, ревизорите утврдиле дека на ниво на Болницата во текот на 2022 година во просек се креирани/достапни за пациенти само 39 проценти од законски задолжителните термини за здравствени услуги.

реклама

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавната здравствена установа Клиничка Болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола за 2022 година. Со извршената ревизија констатирани се состојби, неправилности и неусогласености од различна природа, кои влијаат на изразување на неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2022 година и за усогласеноста со законската регулатива. Со увидот во евиденцијата на работното време, пресметката и исплатата на плати и надоместоци на плати, кои во текот на 2022 година се исплатени во износ од приближно 581 милиони денари ревизорите констатирале низа неправилности.

Околу 36 милиони денари се исплатени по основ на дежурство, без побарана согласност од Министерството за здравство за нивно воведување, а утврдена е и појава на исплата на дежурства на немедицински кадар во износ од 919 илјади денари, што не е во согласност со Законот за здравствена заштита. Неправилности се утврдени и при исплата на приближно 7 милиони денари за прекувремена работа на 303 вработени. Имено, за прекувремената работа не е известен инспектор на трудот и не се воспоставени контроли на бројот на реализирани часови, поради што 41 вработен оствариле прекувремена работа над дозволениот максимум од 190 часови, за што се исплатени околу еден милион денари.

реклама

Од ДЗР соопштија дека дел од вработените во Болницата, согласно склучени спогодби вршат здравствени услуги во други ЈЗУ поради недостаток на медицински кадар, за што Болницата издава фактури, а на вработените им се исплаќа надоместок.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американски конгресмен нападнат со пиштол во автомобил во Вашингтон

Следно

Оздемир: Германија сака да ја види Македонија што поскоро во ЕУ

Latest from Blog

Со новиот договор Луис Енрике ќе зема двојно поголема плата во ПСЖ

Фото: ПСЖ Х Шпанскиот стручњак Луис Енрике неодамна го продолжи договорот со актуелниот француски и европски шампион ПСЖ. Договорот беше продолжен до 2030 година, но за време на официјалното објавување на таа

По заканите од Аргентина и пораките на Трамп, Британија бара повеќе пари за одбрана на Фокландите

Претседателот на одборот за одбрана на британскиот парламент, Тан Деси од Лабуристичката партија, денеска изјави дека заканите од аргентинскиот претседател Хавиер Милеј во врска со Фолкландските Острови ја истакнуваат потребата Велика Британија

ВЛЕН: Растат инвестициите, извозот и индустријата – економијата со раст од 4,3 отсто

Економскиот раст од 4,3 отсто во вториот кварталпретставува позитивен сигнал за македонската економија, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека зад растот стојат зголемените инвестиции, извозот и производството. Според податоците што ги презентира

Проданоски: Со благослов и молитва осветен храмот „Св. Никола“ во Беровци

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на осветувањето на храмот „Св. Никола“ во прилепското село Беровци. На свечениот чин присуствуваа и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, свештенството, голем број
Go toTop