Костадиновска-Стојчевска: „Букстар“ е платформа и предизвик за промена на светот преку литературата

October 3, 2023
1 min read

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска синоќа во Младинскиот културен центар присуствуваше и се обрати на отворањето на деветтото издание на Фестивалот на европска литература „Букстар“.

Костадиновска-Стојчевска на отворањето, на кое присуствуваше и евроамбасадорот Дејвид Гир, поздравувајќи ги присутните истакна дека Фестивалот претставува искрен придонес во заемното запознавање на авторите и делата од домашната и од европската литература градејќи нова димензија на пријателството независно од културните и јазичните бариери.

Делата од европската литература на еден благороден начин го збогатуваат културниот простор афирмирајќи ја книжевноста на европските јазици. Тие имаат унверзална моќ да нè поврзуваат и да нè воведуваат во различни светови, да нè вознемируваат, да нè предизвикуваат и да нè поттикнуваат на размислување, наведувајќи нè да поставиме прашања за животот, љубовта, искуството, социјалните предизвици и за многу други аспекти на човековото постоење“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека Фестивалот, кој годинава се одржува под мотото „Ве молиме, вознемирувајте!“, не е случајно затоа што литературата, како израз на човечката фантазија и креативност, честопати не само што ја вознемирува туку и ја трансформира нашата реалност.

„На овој Фестивал на европска литература ние ги слушаме гласовите на писателите, толку различни и многубројни како што се и европските нации и култури. Преку нивните дела, ние се нурнуваме во многубројни светови, се вознемируваме, размислуваме и размислуваме повторно. Секоја страница, секоја буква го поттикнува нашиот ум и го оформува нашето разбирање за светот“, рече министерката за култура.

Фестивалот на европска литература, според Костадиновска-Стојчевска, е можност „да се запознаеме, да се поврземе и да ги претставиме искуствата и идеите, да го прославиме богатството на културното разнообразие и да го почитуваме литературното наследство што нè обединува“.

Во рамките на настанот, евроамбасадорот Дејвид Гир ѝ ја додели наградата „Букстар 2023“ на шпанско-мароканската писателка Наџат ел Хачми за романот „Во понеделник ќе нè сакаат“ , а Фестивалот за отворен го прогласи авторката Лидија Димковска

На деветтото издание на Фестивалот на европска литература ќе гостуваат десет европски автори, четириесетина македонски учесници од различни генерации, претставници на реномирани издавачки куќи и фестивали од пет држави од регионот. Фестивалот „Букстар“ се реализира, меѓу другите, и со поддршка од Министерството за култура.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Штрајк на контролорите на летање на 12 октомври – од 11 до 17 часот нема да се опслужуваат воздухоплови

Следно

Американски конгресмен нападнат со пиштол во автомобил во Вашингтон

Latest from Blog

Оваа Шпанија е како казнена експедиција, никој ништо не и може, па ни Мбапе!(ФОТО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Мајсторија, тимска игра, доминација, брутална лекција, казнена експедиција…ова се генерално заклучоците од првото финале на СП. Шпанија по вторпат по својата историја, по 2010, ќе атакува на својата втора титула и

Сè повеќе Германци не сакаат во војска

„Во првите шест месеци од оваа година, примивме 5.862 барања, што е многу повеќе од минатата година, кога беа примени вкупно 3.879 барања“, се вели во соопштението на Федералната канцеларија за семејни

Завршија градежните работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, од утре ќе почнат да сообраќаат возовите на релација Скопје – Битола и и Битола – Скопје

ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од утре, 15 јули 2026 година, ќе

Полувреме: Ојарзабал од пенал за водство на “Фуријата“, “страшната“ Франција е непрепознатлива!(ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Франција – Шпанија 0:1 е резултатот по првото полувреме од првото полуфинале кое се игра во Далас. Се играше 20.минута кога Дињ го фаулираше Јамал за чист пенал за “Фуријата“. Ојарзабал

Норвешката принцеза доби трансплантација на бели дробови: Длабоко сум благодарна

52-годишната принцеза е „најдобра колку што може да се очекува под овие околности“, соопшти палатата. Таа ќе ги помине следните шест месеци во рехабилитација, а нејзиниот напредок ќе биде внимателно следен за
Go toTop