Во Скопје обележан Денот на Бошњаците

September 29, 2023
1 min read

реклама

Денот на Бошњаците, кој е и официјален национален празник за припадниците на бошњачката нација во Северна Македонија, беше одбележан со свеченост во хотелот Александар Палас во Скопје, во организација на Партијата за демократска акција (СДА) на Македонија.

Меѓу присутните на прославата беа истакнати личности од јавниот живот, претставници на дипломатскиот кор, политички партии, министри, пратеници и претставници на граѓанскиот сектор.

реклама

На присутните им се обрати претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ кој потсети дека ширум светот се одбележува Меѓународниот ден на Бошњаците, чија цел е зачувување на националниот идентитет, а по повод 30 години од 28 септември, 1993 година, кога во Сараево се одржа Бошњачкото Собрание и беше донесена одлука за враќање на историското име „Бошњаци“ и историското име на јазикот „босански“.

Хоџиќ истакна дека при пописот на населението во 1994 година, Бошњаците од Македонија ја имале првата можност да го користат историското име „Бошњак“ и да го наречат јазикот „бошњачки“.

реклама

Тој се осврна на конструктивната улога на Бошњаците во изградбата на независна македонска држава, која започна со поддршката за референдумот за независност во 1991 година.

Хоџиќ истакна дека Бошњаците се интегрирани во македонското мултикултурно општество и дека Бошњаците се врска за одлични односи, без отворени прашања, меѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

реклама

На прославата говореше и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, кој истакна дека Бошњаците се вреден дел од македонскиот културен мозаик. Маричиќ им оддаде признание на припадниците на бошњачката нација за нивниот придонес во развојот на Северна Македонија како демократска држава, како и за нивниот придонес во остварувањето на стратешките цели на државата.

Претседателот на СДА Македонија, г. Хоџиќ, заедно со вицепремиерот за евроинтеграции, г-дин Маричиќ, испратија порака дека следната стратешка цел и на бошњачкиот народ и на Северна Македонија како држава е членството во Европската Унија. како следен чекор по членството во НАТО.

Присутните медиуми имаа можност да ја видат одличната атмосфера и убавата енергија што остави белег на официјалното одбележување на Денот на Бошњаците.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Саво Милошевиќ промовиран за нов селектор на Босна и Херцеговина

Следно

Џафери поднесе Предлог деловник за работа на Собранието

Latest from Blog

Се заканува нова трагедија на Тибет- глечерите пред уривање со над 1.000 жртви и 500 заробени во тунелите

Бројот на жртви од поплавите веќе надмина 1.000, додека спасувачките екипи се тркаат да стигнат до заедниците кои се отсечени по катастрофата на 26 август. Кинеското Министерство за водни ресурси вчера предупреди

Де Ла Фуенте: Родри е Меси на шпанскиот фудбал! (ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Селекторот на шпанската репрезентација, Луис Де Ла Фуенте во интервју за Радио Марка изнесе неколку интересни видувања. Покрај другото тој го пофали Родри, велејќи дека тој е Лионел Меси на шпанскиот

(ВИДЕО) Путин прашан дали Русија ќе гаѓа цели во Британија? Погледнете го одговорот

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција не ја исклучи можноста за напад врз воени објекти во Обединетото Кралство како одговор на британската поддршка за Украина, јавува руската агенција Интерфакс. Путин појасни дека

Добра вест за прилепските првачиња: Секое дете добива по 3.000 денари

Општина Прилеп објави јавен повик за еднократна финансиска поддршка од 3.000 денари за секое дете запишано во прво одделение во основните училишта на територијата на општината. Оваа година мерката за првпат се
Go toTop