Османи и Милков го посетија нападнатиот охриѓанец, повикаа на прекин на насилството и провокациите од двете страни

January 22, 2023
2 mins read

Прво, ние нема да дозволиме негирање на бугарската заедница, како што нема да дозволиме негирање на макеоднскиот народ. Затоа, сакам да упатам порака дека и тие провокации треба да престанат и да укажам дека секое доаѓање во Северна Македонија со цел навреди и негирање на македонскиот народ, ќе мораме серизоно да го адресираме. Тоа да биде последно доаѓање во РСМ, изјави министерот Бујар Османи во Софија

Мора да го прекинеме овој циклус на насилство и провокации од двете страни и да ја наметнеме нашата позитивна агенда што двете влади се обидуваме макотрпно да ја изградиме, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи од Софија, каде заедно со бугарскиот колега Николај Милков, го посетија нападнатиот македонски државјанин од Охрид, Христијан Пендиков. Османи рече дека институциите во Северна Македонија ќе го расчистат инцидентот, а бугарската заедница ќе биде почитувана и ќе ги има сите права, слободи и привилегии како секој друг граѓанин и другите заедници што живеат во земјата. Османи апелираше да престанат провокациите од двете страни.

„Прво, ние нема да дозволиме негирање на бугарската заедница, како што нема да дозволиме негирање на макеоднскиот народ. Затоа, сакам да упатам порака дека и тие провокации треба да престанат и да укажам дека секое доаѓање во Северна Македонија со цел навреди и негирање на македонскиот народ, ќе мораме серизоно да го адресираме. Тоа да биде последно доаѓање во РСМ, значи за двете прашања ќе мора подеднакво“,

рече Османи.

Тој уште еднаш го осуди инцидентот со секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борист Трети“, но порача и дека Северна Македонија ќе реагира ако во иднина продолжат провокациите од политичари од Бугарија, алудирајќи на европратеникот Ангел Џамбаски.

„Денес фокусот е на насилството врз Христијан кое го осудуваме, но исто така и провокација од политичари кои доаѓаат во Скопје и го негираат македонскиот народ, тоа мора да го прекинеме и тој вициозен циклус во кој сме влезени мора да престане. Затоа што тоа, веројатно, ќе биде последно доаѓање на секој што ќе ги навреди Македонците и било кој друг народ, како што нема да дозволиме навреди и насилство врз бугарската заедница“,

порача Османи.

Бугарскиот министер Милков рече дека атмосферата на неказнивост не смее да се толерира. Бугарија инсистира да се откријат и казнат напаѓачите на Пендиков.

„Христијан Пендиков настрада поради неговите идеи, човек со кауза што ја брани. Ситуацијата не смее да продолжи вака. Бугарија цврсто инсистира сторителите на ова и други слични дела да бидат казнети. Тука сум, исто така, за да кажам не на враќањето на тие црни традиции кои историски се поврзани со Македонија на насилие, такви нешта немаат место во Европа и ние сме исклучително загрижени. За жал работите не одат добро. Како што гледате има ескалација, Хриситјан продолжува да добива закани по Интернет кои се грозни и нема да ги цитирам“,

рече Милков.

Пендиков, кој е македонски државјанин што се декларира како Бугарин и е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, завчера со владин авион на Бугарија беше транспортиран во болница во Софија.

За инцидентот, бугарското МНР упати и протестна нота преку амбасадорката на Северна Македонија, Агнеса Руси Поповска, а вчерс пред зградата на Европската комисија (ЕК) во Софија се одржаа и протести за заштита на правата на Бугарите во земјава. Демонстрантите, поддржани и од националистичките партии „Преродба“ и ВМРО, побараа од ЕУ веднаш да ги прекине преговорите со Скопје. За инцидентот истрага против едно лице води Основното јавно обвинителство (ОЈО) Охрид, кое е во притвор.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВО МАКЕДОНИЈА ОФИЦИЈАЛНО ПРИСТИГНА НОВИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУС – еве од кој град е заразениот пациент

Следно

НЕМАЛ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА И ВОЗЕЛ ПИЈАН: Синоќа полицијата го тресеше бодигардот на Апасиев

Latest from Blog

Мурињо поставил три услови пред да дојде во Реал

ФОТО:facebook.com/SLBenfica/ Жозе Мурињо е на чекор да стане нов тренер на Реал Мадрид. Иако веста не е официјално потврдена, сите извори наведуваат дека португалскиот стручњак постигнал договор со претседателот Флорентино Перез за

Трамп го предупреди Иран дека му истекува времето, Израел разговара со САД за можно продолжување на нападите

 Објавата доаѓа во услови на подолг застој во дипломатските напори за изнаоѓање на некакво решение со Иран. Неговото предупредување, и натаму не ги колеба властите во Техеран, според кои досегашните методи на

МБИ10 во минус од 0,03 отсто, Комерцијална банка најтргувана на берзата денес

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 18.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.877,62 поени, со дневен пад од 0,03%, односно 3,40 поени, додека ОМБ

Официјално: Ханси Флик во Барселона до 2028!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Барселона и Ханс Флик постигнаа договор за продолжување на договорот на Германецот, кој ќе го врзе со каталонскиот клуб до 30 јуни 2028 година, со опција за дополнителна сезона. Германецот го

Димитриеска-Кочоска: Фокус на стабилен и развоен ребаланс на Буџетот

Продолжуваат работните состаноци со ресорните министерства во рамки на подготовката на ребалансот на Буџетот за 2026 година, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Денеска, како што посочи таа, се одржуваат средби со
Go toTop