Во Скопје одбележан 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците

September 29, 2023
2 mins read

СКОПЈЕ (АА) – Бошњаците се важен дел од македонскиот културен мозаик, а одбележувањето на Меѓународниот ден на Бошњаците значи потврдување на нивниот јазик, култура и идентитет. Ова е пораката што во името на Владата на Република Северна Македонија ја упати вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на пригодното одбележување во Скопје на Меѓународниот ден на Бошњаците, јавува Анадолу.

„Одбележувањето на меѓународниот ден на Бошњаците значи потврдување и на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Прифаќање, исто така, на сите, етнички, не разлики, туку етнички и културни богатства на демократското македонско општество во кое се заштитени интересите и идентитетите на секој граѓанин поединечно и на сите наши граѓани што се организирани во заедници“, истакна вицепремиерот Маричиќ на свеченоста одржана во Скопје во организација на Странката на демократска акција (СДА) на Македонија.

„Придонесот на припадниците на бошњачката заедница во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен. Нивното учество во сите значајни државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме“, додаде вицепремиерот Маричиќ.

Претседателот на СДА на Македонија, Џелал Хоџиќ, во своето обраќање пред присутните на свеченоста во Скопје истакна дека Бошњаците денес одбележуваат 30 години од Бошњачкиот сабор во тогаш опколеното Сараево. Тој нагласи дека „Бошњачкиот сабор донесе храбри одлуки во едни тешки, воени времиња“, потсетувајќи на одлуките од Саборот за враќање на историското национално име Бошњак и именување на мајчиниот јазик на Бошњаците – босански. Хоџиќ потенцираше дека еден од куриозитетите е тоа што Бошњаците во Северна Македонија се првите Бошњаци во регионот што на Пописот на населението во 1994 година се изјаснија како Бошњаци.

– Свечена академија по повод Денот на Бошњаците –

Во организација на Бошњачкиот национален сојуз (БНС) во Северна Македонија во Албанскиот театар во Скопје се одржа свечена академија на која присуствуваа голем број гости од јавниот живот, меѓу кои амбасадорот на Туркије во Северна Македонија, Хасан Мехмет Секизќок, заменик-премиерката на Косово задолжена за малцински прашања и човекови права, Емилија Реџепи, како и поранешниот реис-ул-улема на Исламската заедница на Босна и Херцеговина, Мустафа Цериќ.

Во име на домаќин на манифестацијата пред присутните се обрати Џевад Хот, претседател на БНС во Северна Македонија. Тој истакна дека Бошњаците во земјата низ години наназад со низа манифестации го одбележуваат овој важен ден во својата историја, при што потсети на важноста на континуитетот од одбележување на значајните датуми од историјата на Бошњаците.

Претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС), Мунир Колашинац, нагласи дека е важно и неопходно Бошњаците да се организираат политички. Според Колашинац, како конститутивен народ во Северна Македонија „Бошњаците треба да се борат таа конститутивност да се спроведе во дело и како секој народ да ги ужива сите права што му следуваат според Уставот и законите“.

На свечената академија се обрати и поранешниот реис-ул-улема на Исламската заедница на Босна и Херцеговина, Мустафа Цериќ. Тој во својот говор истакна дека Босна и Херцеговина е матична земја на сите Бошњаци, при што упати честитки по повод националниот бошњачки празник, нагласувајќи дека „идентитетот е континуитет на паметење“.

„Ние не сме ниту нова нација, туку стара нација. Ние сме историска нација и не сме измислена (нација) и ние не имитираме никого, туку само го слушаме нашето срце, а нашето срце ни вели дека ние сме Бошњаци“, нагласи Цериќ.

Во текот на програмата преку видеобим е емитувана и пораката од членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.

По свечените говори следуваше културно-уметничка програма во чии рамки со колаж на севдалинки настапија пејачот Ален Хасановиќ и пејачката Инес Губериниќ, а по нив имаше настап и на културно-уметничкото друштво „Бихор“ од Црна Гора и бошњачкото културно-уметничко друштво „Љиљан“ од Скопје.

На 27 септември во Скопје во основното училиште „Исмаил Ќемали“ беше одржана приредба на учениците од училиштата на подрачјето на Скопје во кои наставата се одвива на босански јазик.

За потсетување, со измените на Законот за празници во Северна Македонија, на 8 февруари 2007 година во македонското Собрание 28 септември е прогласен за Ден на Бошњаците во земјата.

Според последниот Попис на населението спроведен во 2021 година, во Република Северна Македонија живеат 16.042 Бошњаци, односно 0,87% од вкупното население.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

До кога владата ќе го крие документот, со кој Артан Груби ја направи Македонија коцкарска филијала на бугарското подземје?

Следно

Терористите на ПКК/ЈПГ, кои се поддржани од САД, продолжуваат со киднапирањата и злоупотребата на деца

Latest from Blog

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАГИНАЛЕ НА АВТОПАТОТ БЕЛГРАД – НИШ, автомобилот имал германска регистрација

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград-Ниш, дознава „Telegraf.rs“. Неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот. Маж

На култниот португалски клуб му се заканува целосно згаснување на крајот од годината

Фото: Боависта Х Поранешниот португалски шампион Боависта минува низ најтешките моменти во својата историја. Откако клубот беше исфрлен во аматерскиот ранг на натпреварување, сега му се заканува и целосно згаснување. Судот донесе

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на
Go toTop