Српскиот претседател Вучиќ го информира шефот на дипломатијата на Данска за ситуацијата во Косово

September 28, 2023
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска го информира министерот за надворешни работи на Кралството Данска, Ларс Леке Расмусен, за, како што наведе, „најопасниот развој на ситуацијата во Косово досега“, јавува Анадолу.

Вучиќ истакна дека последните случувања се последица на теророт што веќе подолго време се спроведувал врз тамошното српско население.

„Го повторив барањето безбедноста на северот на Косово да ја преземат припадниците на КФОР, кој има капацитет да спречи насилни акции на Приштина“, наведе Вучиќ.

Напоменувајќи дека Србија е подготвена да работи на продолжување на дијалогот со посредство на ЕУ, Вучиќ потсети дека Белград ги спровел сите свои обврски кои произлегуваат од Бриселскиот договор. Тој истакна дека кревкиот мир што постои се одржува благодарение на одмереноста на српскиот народ кој вложува натчовечки напори да се спротивстави на сите притисоци на режимот во Приштина.

„Претседателот Вучиќ особено го нагласи значењето од понатамошното меѓународно присуство на Косово и ги повика претставниците на меѓународната заедница да ги преземат сите неопходни мерки со цел да се спречат опасните и неодговорни потези на Приштина и да се заштити српското население во покраината, како и повлекување на припадниците на таканаречената специјална косовска полиција од северот на Косово“, соопштија од Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.

Соговорниците разговарале и за членството на Србија во Европската Унија, а Вучиќ навел дека Србија ја цени поддршката на Данска и предложил започнување соработка во областа на стручното усовршување на државните службеници во рамките на европската интеграција.

Вучиќ со Расмусен разменил мислења за сите теми од заеднички интерес, меѓу кои и за интензивирање на економската и соработката во ИТ секторот, животната средина, биотехнологијата, културата и други области.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва во 360°: Бугарскиот клуб на Косово што го отвори Јотова – под клуч

Следно

Гази Баба со директна финансиска поддршка за ФК Вардар

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop