Шоле повика на намалување на тензиите меѓу Србија и Косово

September 27, 2023
1 min read

Високиот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, побара од Косово и Србија да ги намалат тензиите и да се вратат на дијалогот за нормализација на односите.

Разговорите на високиот американски функционер со лидерите на Косово и Србија уследија по нападот врз косовската полиција во неделата, во Бањска, кај Звечан, јави МИНА.

Шоле кажа дека за време на разговорот со косовскиот премиер, Албин Курти, го осудил „страшниот напад“ во неделата и насилството врз косовската полиција, пренесе Радио Слободна Европа.

„Двете страни мора да се вратат на дијалогот со посредство на Европската унија (ЕУ) и да ги спроведат охридските обврски“, напиша Шоле на социјалната мрежа Х.

Со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, тој разговарал и за важноста од итна деескалација на ситуацијата на северот на Косово.

Шоле замоли да се избегнуваат активности што би можеле дополнително да ги зголемат тензиите.

„Трагичната загуба на животи ја нагласува итната потреба за враќање на мирот и враќање на дијалогот со посредство на ЕУ“, додаде Шоле.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево со умерена облачност, ќе дува и ветер

Следно

Горниот дом на швајцарскиот Парламент одобри продажба на 25 тенкови „Леопард“ за Германија

Latest from Blog

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги

22,7 милиони денари промет на Берзата – најголем интерес за банкарските акци

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,19 поени. Во
Go toTop