Вучиќ побара КФОР да ја преземе грижата за сите безбедносни прашања на северот на Косово

September 26, 2023
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград се сретна со амбасадорите на земјите од Квинтата – Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Србија, јавува Анадолу.

Вучиќ по средбата објави дека во еден од најтешките моменти за Србија имал важен разговор со претставниците на Квинтата.

„Ги повторив ставите на Србија за последните случувања на Косово и Метохија и побарав КФОР да ја преземе грижата за сите безбедносни прашања на северот на Косово наместо полицијата на Курти“, наведе Вучиќ.

Додаде дека го поставил и прашањето „зошто ЕУЛЕКС беше одбиен од страна на косовската полиција да присуствува во самата операција којашто е спроведена на територијата на северот на Косово“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петровска: Неодамна протераните руски дипломати се обиделе да се вмешаат во стартешките национални интереси на државата

Следно

Извлечени осминафиналните двојки во Купот на Македонија

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop