ЕСЧП донесе пресуда против земјава поради нехуман третман на сексуалните работници во полициска акција во 2008 година

September 26, 2023
1 min read

реклама



Европскиот суд за човекови права донесе пресуда против Северна Македонија, Д.Х. и други од земјава, со која утврди дека државата во ноември 2008 година, во полициската акција наречена „Сузбивање на улична проституција“, во која приведе 23 сексуални работници, активистка на здружение на граѓани и неколку случајни минувачи кои беа затекнати покрај кејот на реката Вардар, ги изложила сексуалните работници на нехуман и понижувачки третман додека биле лишени од слобода, оставени цела ноќ без храна, вода и пристап до тоалет.

Судот утврди повреда на правото на приватност поради објавата на фотографии од жртвите на веб страна на Министерството за внатрешни работи, без да биде прикриен нивниот идентитет и ја задолжи државата да им исплати износ од 13.300 евра за претрпените повреди и неефикасната заштита на нивните права пред домашните судови, пренесуваат од „ХОПС“.

реклама

Од сите приведени, додаваат оттаму, 23 сексуални работници, без да бидат информирани за причините за лишување од слобода, биле задржани цела ноќ во полициската станица Бит Пазар, а утредента биле однесени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде биле тестирани за крвно и сексуално преносливи болести, па пуштени на слобода.

За цело време додека биле лишени од слобода, на сексуалните работници од страна на полициските службеници им биле упатувани погрдни зборови и биле изложени на понижување и исмевање. Сите 23 приведени сексуални работници, ноќта ја поминале во мала просторија, без пристап до храна, вода и тоалет, а дел од нив биле во апстиненцијални кризи со дијареја и повраќање. 

реклама

Како што утврдил и Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), жртвите лишени од слобода, во ситуација која единствено е под контрола на властите е одговорност на државата, а според ЕСЧП Владата не презентирала доволно докази кои убедливо докажуваат дека полициските власти ги земале предвид основните потреби на апликантите, вклучувајќи го и обезбедувањето храна, вода и пристап до тоалет за време на престојот во полициската станица. Дополнително, објавување на фотографии од полициската станица од кои може да се утврди идентитетот на жртвите на веб страна на Министерството за внатрешни работи претставува повреда на правото на приватен живот. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пресуда против земјава поради нехуман третман на сексуалните работници во полициска акција во 2008 година

Следно

Србија прогласи ден на жалост поради случувањата во Косово

Latest from Blog

Шкорпијата да направи нешто романтично за саканата личност, а Вагата да одмара навечер

ОВЕН Иако денес ќе треба да патувате или да се занимавате со нешто уникатно и невообичаено, внимавајте на вашите секојдневни обврски и активности во спротивно ќе се појават проблеми. Следете ги правилата

Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ – наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ, испрала 2 милиони евра, пари на граѓаните. Во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДС и ДУИ, во ЕСМ бил наместен

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАГИНАЛЕ НА АВТОПАТОТ БЕЛГРАД – НИШ, автомобилот имал германска регистрација

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград-Ниш, дознава „Telegraf.rs“. Неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот. Маж

На култниот португалски клуб му се заканува целосно згаснување на крајот од годината

Фото: Боависта Х Поранешниот португалски шампион Боависта минува низ најтешките моменти во својата историја. Откако клубот беше исфрлен во аматерскиот ранг на натпреварување, сега му се заканува и целосно згаснување. Судот донесе
Go toTop