„Инцидентот на Косово не влијае во Македонија“ – Петровска: Одблиску ја следиме ситуацијата на северот на Косово

September 25, 2023
1 min read

реклама



Македонија е безбедна, настаните на северот на Косово не ја загрозуваат безбедноста на државата, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска. Таа додаде дека внимателно ја следат ситуацијата на северот на Косово, не само како сосед, туку и како земја членка на НАТО, но нагласи дека не е прашањето дали само ние сме безбедни, туку сите мораме да придонесеме за да има мир и стабилност во целиот регион. Петровска го осуди нападот врз косовската полиција и додаде дека приоритет на Приштина и Белград е да се вратат на дијалогот.

И нејзиниот колега од Норвешка, министерот за одбрана Арилд Грам, остро го осуди вчерашниот напад на Косово, додавајќи дека таквите напади се неприфатливи. Тој ги повика страните да се вратат на дијалогот за да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата.

реклама

„Сите сме загрижени за ситуацијата на северот на Косово. Норвешка го осудува нападот врз косовската полиција што се случи вчера на северот на Косово. Не знам дали е можно да се споредуваат или дали е продуктивно да се споредуваат различни конфликти со она што се случува во Украина и овој овде на Косово. Секоја ситуација има своја динамика и мора да реагираме на соодветен начин. Што се однесува до ситуацијата во Косово, мислам дека двете страни треба да ја исполнат својата улога и повторно да се вратат на дијалогот“, вели Арилд Грам.

Во вчерашниот напад во Косово загина полицаецот Африм Буњаку, а уште еден полицаец е ранет.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски не сака да коментира за кавгите во ВМРО ДПМНЕ, но повика на обединување за уставните измени

Следно

Повторно се протестира пред Влада: Се бара правда за пациентите од Онкологија

Latest from Blog

Дебакл на италијанските екипи во ЛШ, Норвежаните покажаа дека може да парираат и на најдобрите

По комплетирањето на второто коло од Лига на шампиони, вкупно девет екипи имаат максимални шест бодови, а осум екипи немаат освоено ниту еден бод. Од 18-те натпревари кои се одиграа синоќа и

Иран со жесток одговор до САД : Пропаѓањето на нашата економија е илузија

Гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Бангкок во понеделник изјави дека тврдењата на САД дека економијата на Иран се урива се „илузии“,

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop