Извршен вонреден инспекциски надзор во градинката во Шуто Оризари

September 25, 2023
1 min read

Извршен е вонреден инспекциски надзор во градинката во Шуто Оризари по случајот со 11-месечното бебе, кое според тврдењето на родителите, било повредено. Задолжена е директорката на градинката да почне постапка за утврдување на фактичката состојба или евентуална вина кај вработените.

– Во врска со случајот со детето од градинката „8-Април“ во Шуто Оризари, извршен е вонреден инспекциски надзор, земени се изјави од вработените и согласно Законот за заштита на деца, инспекторите ќе издадат решение за постапување и утврдување на фактичката состојба или евентуална вина на вработените за згрижување за детето. Односно, инспекторите ја задолжуваат директорката на детската градинка да започне постапка за утврдување на фактичката состојба или евентуална вина на вработените за згрижување за детето, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Министерството за внатрешни работи во саботата соопшти дека родителите го пријавиле случајот во петокот тврдејќи дека нивната малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда во градинка на подрачјето на Шуто Оризари.

– Во СВР Скопје, И.С.(28) од Скопје пријавил дека во текот на денот во детска градинка на подрачје на Шуто Оризари неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Според пријавеното, неговата сопруга ја однела нивната ќерка во градинката околу 8 часот и бидејќи е во период на адаптација, ја зела во 10 часот. Исто така, според пријавеното, кога го донела дома и почнала да го пресоблекува, девојчето не престанувало да плаче, по што го однеле во Ургентниот центар, каде што лекар ја констатирал повредата, информираше МВР во саботата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ се сретна со рускиот амбасадор во Белград, Александар Боцан-Харченко

Следно

Поради нашето потфрлање се полнат гробиштата, деца растат ко сираци

Latest from Blog

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана

Блумберг открива детали: Европејците и Русите тајно разговарале за мирот во Украина

Поранешни високи функционери од Обединетото Кралство, Франција и Германија се сретнаа тајно со неименуван поранешен функционер на Кремљ во Виена во јули за да разговараат за можни услови за мировни преговори за

Кои европски земји имаат минималец над 2.000 евра?

Евростат ги објави минималните плати за втората половина од 2026 година, покажувајќи дека само осум од 29 европски земји ја зголемиле својата бруто минимална плата помеѓу јануари и јули 2026 година, додека
Go toTop