„Кајмак“ на Манчевски го отвори филмскиот фестивал во Тирана

September 25, 2023
1 min read

Најновиот филм на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, „Кајмак“ го отвори Филмскиот фестивал во Тирана, Албанија.

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, го нарече „мој херој“ Манчевски во говорот пред премиерата на „Кајмак“. Пречекувајќи го во неговиот кабинет претходниот ден, Велиај го поздрави со зборовите „Кругот не е тркалезен, добредојде во Тирана“, цитирајќи реплика од легендарниот филм „Пред дождот“.

Мајлинда Тафа, албанскиот претставник во Еуримаж изјави: „Конечно Милчо кај нас“, а министерката за култура Елва Маргарити, се заблагодари за извонредните пораки на неговите филмови. Агрон Доми, директорот на фестивалот, го претстави Манчевски со зборовите „мојот омилен режисер“.

„Кајмак“ го отвори фестивалот во присуство на политичката и културна елита на Тирана. На отварањето присуствуваше и македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски, како и амбасадори на шест други држави во Тирана.

Манчевски вчера одржа и мастерклас на тема „Наративни стратегии“, и одговараше на бројни студентски прашања на настанот преполн со професионалци и студенти кој го модерираше претставникот во Еуримаж Мајлинда Тафа.

Минатата недела „Кајмак“ беше дел од ретроспективата на Манчевски на i-fest во Калабрија, Италија, каде режисерот доби и Специјална награда, а минатиот месец филмот освои Награда за најдобар филм на фестивалот Синеквест во Калифорнија, како и Специјално признание на жирито ФЕДЕОРА (Федерација на филмски критичари од Европа и Медитеранот) во Херцег Нови. Од претходните награди за „Кајмак“ се издвојува онаа на фестивалот Фантаспорто во Португалија.

Во јуни „Кајмак“ ја имаше и данската премиера во Копенхаген, а во октомври следува премиерата во Амстердам.

„Кајмак” е еден од македонските филмови кои имаат најширок пласман во светот. Тој е продаден за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, Карибите – од Аргентина, Бразил и Мексико до Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, од Гвајана и Ст. Китс и Невис до Данска… Понатамошниот процес на пласман е во тек.

„Кајмак“, македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж, ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија), потоа продолжи со глобална фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија, Црна Гора, САД итн. Филмот беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми.

„Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година.

Агенцијата за филм сè уште ги блокира двата проекти на Манчевски, „Кајмак“ и „Збогум, Копакабано!“ (работен наслов „Биста“), спротивно на одлуката на судот и на правното мислење на Министерството за култура. Јавна поддршка за Манчевски изразија Филмскиот фестивал во Венеција, ФИПРЕСЦИ (Федерацијата на здруженија на филмски критичари), Транспаренси интернешнл и Whistleblowing International.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

По низа пријавувани закани, маж убил 46-годишна жена во Кочани

Следно

Медиумските преторијанци на Џозеф Бајден

Latest from Blog

Утре не очекуваат пообилни врнежи од дожд

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на деноти во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, наместа пообилни, и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а

Исплатена третата транша од унгарскиот кредит за компаниите, само 2 проценти ќе се користат за обновливи извори на енергија

Откако министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вчера соопшти дека од централниот Буџет е префрлена третата транша од унгарскиот кредит наменет за компаниите, денеска Развојната банка информираше дека веќе се исплатени средствата. Средствата

Само Зеленски ќе присуствува на преговорите во Истанбул

Во Истанбул денеска се одржуваат преговори за завршување на војната во Украина. И покрај најавите на средбата во Турција нема да присуствуваат рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп. Трамп

ДЗР: Од 2020 до 2023 во државава вкупно 31.176 сообраќајки, 15.724 со потешки последици, загинале 457 лица

Мерките и активностите на надлежните институции иако придонесуваат за подобрување на условите за управување со безбедноста во сообраќајот на патиштата, не се ефикасни за намалување на жртвите во сообраќајните незгоди, покажува ревизорскиот

Турскиот министер Фидан на состанокот на НАТО: Турција е почестена што е домаќин на овој важен состанок

ИСТАНБУЛ/АНТАЛИЈА (АА) – Турција е почестена да биде домаќин на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, особено во ваков поволен момент, изјави денес министерот за надворешни работи на земјата Хакан
Go toTop