Русија тврди дека Украина се обидела да изведе напади со осум дрона

September 25, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Русија денес соопшти дека синоќа соборила осум украински беспилотни летала во различни делови на Русија, пренесува Анадолу.

Во соопштението на Министерството за одбрана се вели дека Киев „се обидел да изврши терористички напади со дронови налик на авиони“ над северозападниот дел на Црно Море, Кримскиот Полуостров, регионите Курск и Брјанск.

Во посебно соопштение гувернерот на регионот Курск, Роман Старовоит, истакна дека покривот на една административна зграда и неколку приватни куќи биле оштетени во нападот со дрон.

Министерството соопшти дека извршило напади и ги уништило контролните точки од кои Украина ги лансирала дроновите.

„Екипажите на мултифункционалните ловци-бомбардери Су-34 на Централниот воен округ извршија напад на командни и набљудувачки пунктови и контролни пунктови на беспилотните летала, како и оклопни борбени возила на вооружените сили на Украина во правец на Краснолимански во рамките на ‘специјалната воена операција’ со наведувани бомби“, соопшти Министерството.

Оттаму додадоа дека „за да ги уништат целите, пилотите користеле наведувана муниција што со голема точност ги уништувала утврдените непријателски структури и опрема, планирајќи од голема височина“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вицепремиерот Битиќи во Чикаго ги претстави можностите за инвестирање во Република Северна Македонија

Следно

Анчелоти: Кога тимот не го прави она што треба, тоа е моја одговорност

Latest from Blog

Голем енергетски чекор: Македонија се приклучува кон Вертикалниот гасен коридор

Македонија направи важен чекор кон интеграција во регионалната енергетска инфраструктура, откако НОМАГАС АД Скопје за првпат учествуваше на состанокот на операторите на системите за пренос на природен гас во рамките на проширениот

Мега – спектакл на свеченото затворање на СП: Роби Вилијамс, Никол Шерцингер, Том Круз…(ФОТО)

ФОТО:x.com/JacobsBen ФИФА потврди импресивна забавна програма за церемонијата на затворање на Светското првенство во 2026 година. Цела плејада од светски музички познати личности ќе се качат на сцената пред големото финале во

БЛИСКИОТ ИСТОК ПРЕД ТОТАЛНА ВОЈНА – САД ги блокираа иранските пристаништа, Иран ги нападна Бахреин и Кувајт!

Рано утринава, американските вооружени сили повторно воведоа блокада на иранските пристаништа како директен одговор на неодамнешните напади на Техеран врз трговски бродови кои се обидуваат да минат низ Ормуската Теснина. Иран веднаш

Оваа Шпанија е како казнена експедиција, никој ништо не и може, па ни Мбапе!(ФОТО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Мајсторија, тимска игра, доминација, брутална лекција, казнена експедиција…ова се генерално заклучоците од првото финале на СП. Шпанија по вторпат по својата историја, по 2010, ќе атакува на својата втора титула и

Сè повеќе Германци не сакаат во војска

„Во првите шест месеци од оваа година, примивме 5.862 барања, што е многу повеќе од минатата година, кога беа примени вкупно 3.879 барања“, се вели во соопштението на Федералната канцеларија за семејни
Go toTop