„КРУГОТ НЕ Е ТРКАЛЕЗЕН, ДОБРЕДОЈДЕ ВО ТИРАНА“ – МАНЧЕВСКИ ДОБИ ПОЧЕСТ НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ

September 25, 2023
2 mins read

„Кајмак“ на Милчо Манчевски викендов го отвори Тиранскиот филмски фестивал, а македонскиот режисер на гостувањето доби огромни почести од културната и политичка јавност на Албанија, како настан на сезоната.

„Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, го нарече ‘мој херој’ во говорот пред премиерата на најновиот филм на Манчевски на отворањето на фестивалот. Пречекувајќи го во неговиот кабинет претходниот ден, Велиај го поздрави со зборовите ‘Кругот не е тркалезен, добредојде во Тирана’, цитирајќи реплика од легендарниот филм ‘Пред дождот’. Мајлинда Тафа, албанскиот претставник во Еуримаж изјави: ‘Конечно Милчо кај нас’, а министерката за култура Елва Маргарити, која дојде директно од аеродром, се заблагодари за извонредните пораки на неговите филмови. Агрон Доми, директорот на фестивалот го претстави Манчевски со зборовите ‘мојот омилен режисер’“, соопшти продукцијата „Банана филм“.

Aлбанската државна новинска агенција АТА го наслови интервјуто со Манчевски „Уметник кој му објави војна на компромисот“ и го нарече „уметник со кој се гордеат нашите соседи во Македонија“, па продолжи: „Како и секој вистински уметник, тој шокира и го презира конформизмот“.

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, го нарече „мој херој“ во говорот пред премиерата на најновиот филм на Манчевски на отворањето на фестивалот, а на средбата во кабинетот претходниот ден го поздрави со „Кругот не е тркалезен, добредојде во Тирана“, цитирајќи реплика од легендарниот филм „Пред дождот“. (Фото: Банана филм)

„Кајмак“ го отвори фестивалот во присуство на политичката и културна елита на Тирана, а на отварањето присуствуваше и македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски, како и амбасадори на шест други држави во Албанија. Манчевски вчера одржа и мастерклас на тема „Наративни стратегии“, и одговараше на бројни студентски прашања на настанот преполн со професионалци и студенти кој го модерираше претставникот во Еуримаж Мајлинда Тафа.

Минатата недела „Кајмак“ беше дел од ретроспективата на Манчевски на И-фест во Калабрија, Италија, каде режисерот доби и Специјална награда, а минатиот месец филмот освои Награда за најдобар филм на фестивалот Синеквест во Калифорнија, како и Специјално признание на жирито ФЕДЕОРА (Федерација на филмски критичари од Европа и Медитеранот) во Херцег Нови. Меѓу другите, претходно „Кајмак“ освои и награда на Фантаспорто во Португалија. Во јуни „Кајмак“ ја имаше и данската премиера во Копенхаген, а во октомври следува премиерата во Амстердам.

„Кајмак” е еден од македонските филмови кои имаат најширок пласман во светот, продаден за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, Карибите – од Аргентина, Бразил и Мексико до Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, од Гвајана и Ст. Китс и Невис до Данска…Лани беше и најгледан филм во Македонија. Од продукцијата најавуваат дека е во тек и понатамошниот процес на пласман на филмот.

„Агенцијата за филм сè уште ги блокира двата проекти на Манчевски, ‘Кајмак’ и ‘Збогум, Копакабано!’ (работен наслов ‘Биста’), спротивно на одлуката на судот и на правното мислење на Министерството за култура. Јавна поддршка за Манчевски изразија Филмскиот фестивал во Венеција, ФИПРЕСЦИ (Федерацијата на здруженија на филмски критичари), Транспаренси интернешнл и Виселблоуинг интернешнл“, велат од „Банана филм“.

„Кајмак“, македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж, лани ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија), потоа продолжи со глобална фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија, Црна Гора, САД, а следува и Австралија.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски: Апелирам за деескалација на настаните во Косово и на продолжување на дијалогот

Следно

Дали ЕУ ќе се распадне заради миграција?

Latest from Blog

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

Светот се подготвува за недостиг на бакар што може да ги погоди некои од најважните индустрии, од обновливите извори на енергија и електричните автомобили до вештачката интелигенција и одбранбениот сектор. Во анализа
Go toTop