„ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ“ Е МОЈА ЕМОТИВНА БИОГРАФИЈА, СЕ РАСПЛАКУВАМ КОГА ЌЕ ПОМИСЛАМ НА СНИМАЊЕТО, РЕЧЕ ГОРАН СТОЛЕВСКИ ПО ПРЕМИЕРАТА НА „МАНАКИ“

September 25, 2023
2 mins read

„’Домаќинство за почетници’ е мојата емотивна биографија“, рече денеска режисерот Горан Столевски на прес-коференцијата во Битола, откако синоќа неговиот трет филм го отвори Фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“. Столевски кажа дека тој дури по извесно време станува свесен дека филмовите му се автобиографски, и оти го води инстинкт и не пишува со никаква намера или план.

„Гледајќи го филмот неколку месеци откако го снимивме, препознавам членови од моето семејство во ликовите од филмот. Ја видов тетка ми, па потоа братучетка ми. Кога живеев во Австралија, се чувствував поразлично од другите таму. Актерите од Шуто Оризари со кои соработував во филмот веројатно се чувствувале поразлично тука, но сепак оваа поврзност не е планирана, туку е одраз на мој инстинкт. И сега ми доаѓаат солзи кога ќе помислам на деновите на снимањето“, кажа Столевски во Битола.

Македонскиот кандидат за Оскар „Домаќинство за почетници“ ќе има кинопремиера во Скопје на 12 октомври во киното Синеплекс. (Фото: СДК.МК)

Македонскиот кандидат за Оскар „Домаќинство за почетници“ ќе има кинопремиера во Скопје на 12 октомври во киното Синеплекс. Се занимава со универзалните вредности на семејството – она во кое сме се родиле и она кое самите сме го избрале. Дита никогаш немала намера да биде мајка, но сега околностите ја присилуваат да ги згрижи малата немирна Миа и бунтовната тинејџерка Ванеса, ќерки на нејзината девојка. Гледаме битка помеѓу три своеглави жени кои полека прераснуваат во семејство и ќе сторат сѐ за да останат заедно.

За најмалата актерка Миа Мустафа, режисерот кажа дека таа била негов косценарист.

„Нејзината помош најмногу ми значеше. Таа е природен гениј“, кажа Столевски. „Додека снимавме, важно беше сите актери што поприродно да се однесуваат. Таа природна атмосфера која ја имаме надвор од сетот, да се познава и во филмот, да бидат сите спонтани. На крајот, кога го гледавме филмот, бевме во неверување – сме завршиле успешна работа“, рече Столевски.

Директор на фотографија e Наум Доксевски, кој кажа дека со Столевски се соработува брзо и едноставно.

„Многу лесно се разбиравме со Горан. Се што тој ќе посочеше дека сака да постигне, се фаќав дека и јас истото сум го помислил во тоа време и сега од оваа дистанца дури ми изгледа чудно сето тоа. Бевме согласни дека треба едноставно да ја зграпчиме емоцијата која е најважна да ја доловиме на платното. Идејата беше да имаме еден натурален пристап и да претставиме атмосфера која нема да создава бариера меѓу гледачот и дејствието. Темпото на работа беше динамично и брзо, но го прифативме бидејќи мислевме дека тому таа енергија ќе се почувствува на платното“, рече Доксевски.

Актерката Сара Климоска играше и во кусиот „Види ја ти неа“ и во дебито на Столевски „Нема да си сама“.

„Трет пат соработувам со Горан Столевски и мислам дека тој навистина умее да го извади од актерот најинтуитивното, да не создава лажен свет на сетот, туку нè пушта сами да се забавуваме и да играме. И тогаш глумците се најдобри“, рече Климоска.

Главните улоги во филмот ги играат Анамариа Маринка, Алина Шербан од Романија, Самсон Селим, Миа Мустафа, Џада Селим и Владимир Тинтор од Хрватска. Во споредните улоги се Сара Климоска и Ајше Усеини од Македонија и Розафа Челај од Косово.
Продуцент на филмот е Марија Димитрова од „Лист продукција“.

Продуцентката Димитрова кажа дека им била предизвик финансиската конструкција, за да можат да го истераат филмот до крај. Најави дека филмот продолжува со фестивалите, следат Бусан во Јужна Кореја и Лондон.

Сценограф на филмот е Ана Жежничек, Роза Трајческа Ристовска е костимограф, Александара Чевреска арт директор, Горан Игњатовски и Леонора Мехмети Хоџа – маскери, кастингот е на Милка Анчевска, Ален Синкауз и Ненад Синкауз композитори, Зоран Максимовиќ – снимател на звук и Ема Бортињон, дизајнер на звук.

М. ЏАРОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Безбедносната состојба во С Македонија е стабилна, без индиции за можни нарушувања, вели Ковачевски

Следно

Претседателот на ПСЖ му одговори на Меси

Latest from Blog

Холандските обвинители работат на блокирање на извозот на делови за авионите Ф-35 во Израел

ХАГ (АА) – Главниот обвинител на холандскиот Врховен суд побара одобрување на одлуката на Апелациониот суд за стопирање на извозот на делови за борбените авиони Ф-35 во Израел, се вели во официјалното

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година. По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по
Go toTop