Во северно Косово убиен полицаец, премиерот Курти соопшти дека напаѓачите се вооружени професионалци

September 24, 2023
1 min read

ПРИШТИНА (АА) – Еден косовски полицаец е убиен, а друг е ранет утринава во напад извршен во селото Бањска кај Лепосавиќ, потврди премиерот на Косово, Албин Курти, пренесува Анадолу.

Курти на социјалната мрежа Фејсбук објави дека е убиен припадник на регуларната полиција, додека ранетиот е од граничната полиција на Косово и тој е вон животна опасност.

Косовскиот премиер наведе дека престрелката се случила околу 3 часот наутро и додаде дека станува збор за огнени оружја од различни калибри.

„Напаѓачите се професионалци кои носеле маски и биле вооружени со тешко оружје. Го осудуваме овој криминален и терористички напад. Организираниот криминал со политичка, финансиска и логистичка поддршка на официјален Белград, ја напаѓа нашата земја. Во оваа борба ние ги браниме и почитуваме законите, ги штитиме своите граѓани без разлика и ја браниме независноста на Косово“, напиша Курти на Фејсбук.

Тој додаде дека извршителите и нивните налогодавачи ќе „паднат, ќе бидат приведени, процесуирани и казнети.“

„Владата на Република Косово и државните институции се подготвени и во координација за да одговорат на злосторствата и злосторниците, тероризот и терористите. Косовската полиција го информираше семејството на А. Б. за неговата смрт. Ранетиот полицаец е вон животна опасност. Изразуваме сочувство на семејството и на сите поради загинатиот полицаец. На ранетиот му посакуваме брзо и целосно закрепнување“, порача Курти.

Полицијата на Косово потврди дека нападот врз нејзините припадници се случил во северниот дел на земјата, во раните утрински часови.

Во полициското соопштение се наведува дека нападот почнал со поставување на два камиони без регистерски таблички на мостот пред влезот во селото Бањска, со што бил блокиран влезот.

„Полициската станица во Звечан, по добиените информации упатила три регуларни единици во правец на споменатата локација. Штом пристигнале близу местото на пријавената блокада, наишле на отпор, во кој неколку луѓе пукале од различни видови оружје“, се наведува во соопштението и се додава дека се користени и рачни бомби.

Во меѓувреме, претседателката на Косово, Вјоса Османи, ја прекина официјалната посета на САД, каде престојвуаше во Њујорк, за да се врати во Приштина поради утринскиот напад на полицијата.

„Убиството на полицаецот и ранувањето на друг во северниот дел на Косово, кое е планирано, оркестрирано и извршено од српска криминална банда, е напад врза редот и законот во северниот дел на државата, тоа е напад на Косово. Овие напади повторно ја докажуваат дестабилизирачката моќ на криминалните банди, кои се организирани од Србија, и кои долго време, како што е докажано со нападите врз КФОР, новинарите и граѓаните, сакаат да го дестабилизираат Косово и регионот“, објави Османи на социјалната мрежа Фејсбук.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Следно

Советот за безбедност на Косово заседава по убиството на полицаецот

Latest from Blog

Јаневска: Образованието и науката не смеат да бидат фактор за иселување на младите, туку сфери за личен развој и вработување

Во 7 изминати години имаме 17 илјади ученици и 7 илјади студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се спречи, државата не може да гледа перспективна иднина. За овие

Скопје доби ново летно кино на покривот на Сити мол

Скопје Сити Мол во партнерство со Синеплекс го отворија првото летно кино под отворено небо на покривот од трговскиот центар. Скопје е побогато за уште едно градско летно доживување, каде свечено беше отворено првото „Rooftop Open Air

Прилепскиот основен суд под лупа на ревизија на финансиското работење во 2023 година

Прилепскиот основен суд во поголем дел не доби позитивно мислење во врска со финансиските извештаи за 2023, а со резерва е прифатена нивната усогласеност. Ова е констатирано по ревизијата на финансиските извештаи

Ердоган: Сè поагресивните политики на Израел го загрозуваат регионалниот мир

ИСТАНБУЛ (АА) – Сè поагресивните политики на Израел под сегашната администрација го загрозуваат мирот и стабилноста во регионот, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу. Тој ги даде овие изјави
Go toTop