Пожарот во Хром подметнат за да се скрие убиство на 35-годишниот маж

September 23, 2023
1 min read

Вчерашниот пожар во скопската населба Хром бил подметнат за да се скрие убиство на 35-годишниот маж, покажа увидот на Јавниот обвинител од местото на настанот.

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место. Со обдукцијата извршена по наредба на јавниот обвинител, кај починатиот беа потврдени траги на насилство – убоди со остар предмет како причина за смртта. Првичните сознанија упатуваат дека пожарот бил подметнат за да се прикрие кривичното дело“, изјавија од ОЈО Скопје за „Прес24“.

„Во текот на денешниот ден, во координација со МВР, се преземаат и други дејствија и се издаваат наредби за целосно расчистување на настанот“, објаснија надлежните.

За потсетување, вчера интервенираше пожарникарна екипа во стан на улица „Исаија Мажовски“ во скопската населба Хром. 

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје изјавија дека вчера утрото, во 9:35 часот имале пријава за пожар. Пожарникарите интервенирале со три противпожарни возила, а горело на четвртиот кат од петкатницата. Затекнале целосно опожарен стан, со пламен кој излегувал надвор од прозорците. По целосно гаснење на пожарот, јавниот обвинител направи увид на местото на настанот, при што констатираше дека имало едно мртво лице.  

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски: Сите 21 протерани руски дипломати се занимаваа со шпионажа

Следно

ДУИ: Единствени разговори за Кривичниот законик се водени со Мицкоски на лидерски средби во Клубот на пратеници

Latest from Blog

Меџити: Околу еден милион евра инвестираме во базен за нашите деца во Чаир

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на новиот базен во училиштето „7 Март“. Тој посочи дека изградбата се одвива според планираната динамика и

Главниот ривал на Инфантино се откажува од трката за прв човек на ФИФА?

Виктор Монталијани, кој се споменуваше како еден од најсериозните потенцијални противкандидати на Џани Инфантино за претседателската функција во ФИФА, најверојатно нема да влезе во трката на изборниот конгрес закажан за 18 март.

Проданоски: Прекрасен подарок со искрена порака во пресрет на 11 Октомври

Во пресрет на 11 Октомври, ученици од текстилно-кожарската и шумарско-дрвопреработувачката струка при СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп му подарија рачно изработено македонско знаме на градоначалникот Дејан Проданоски. Знамето е едно од трите
Go toTop