Младите ја продолжуваат приказната на браќата Манаки за Битола

September 23, 2023
2 mins read

Филмот има многу дефиниции. Тој е раскажување приказни, откривање внатрешни светови. Филмот ќе се развива сè додека се развива технологијата. Ова на младите битолчани им го кажа режисерката Марија Џиџева, која ја води филмската работилница што се одржа во Културниот центар „Магаза“.

Работилницата се одржа во рамки на настанот „Наследниците на Манаки“, кој пак, е дел од Офф пограмата во склоп на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Вие сте нова генерација, родени сте со технологија. Знаете да ги користите паметните телефони, знаете да снимате. Јас кога студирав, прв пат камера видов токму тогаш, на студиите. Се пишуваше на рака и на машина за чукање, рече Џиџева.

Таа потсети дека минатата година не постоеше ChatGPT и АI, а веќе сега, младите ги користат придобивките од најновата технологија. Освен тоа, младите имаа можност да погледнат дел од првите филмови кои ги направиле браќата Милтон и Јанаки Манаки.

Кога се изработувале првите филмови, тие немале звук. На крајот на 19-от и почетокот на 20-от век, на луѓето им било интересно снимањето, односно снимките од секојдневниот живот кои ги правеле браќата Манаки. А денеска, сега сите вие ставате „сториња“, ставате видеа на „ТикТок“, објавувате сè што ви се случува, од родендени, забави, снимате постојано, па гледате колку прегледи имате, колку „лајкови“, им рече режисерката на присутните ученици.

Таа се осврна и на животот на браќата Манаки, кои ги означиле почетоците на филмот на Балканот.

Тие снимале и ги документирале сите настани што се случувале во тоа време. Првиот филм го снимиле во 1905 година и се викал „Баба Деспина“, која всушност е нивната баба која имала 114 години. Снимајќи со камера 300, ја снимиле бабата како преде. Ова се нашите корени, почетоците на филмот. Ова е нашата основа за тоа како ќе се изградиме понатаму професионално, рече Џиџева.

Џиџева посочи дека целта е преку овие работилници младите да се запознаат со работата, животот и делата на браќата Манаки.

Едно истражување откри дека младите не се доволно запознаени со филмовите на Манаки. Тие малку знаат за тоа и скоро никој не ги погледнал нивните филмови. Свеста на новите генерации за тоа што е филм е поинаква, тие поинаку го поимаат филмот. А првите филмови се опсервациски кадри на работи, на активности на луѓе. Интерес за филм кај младите има секогаш. Тие користат филм во секојдневието. Работат проекти со помош на видео содржини. Идејата е преку овие работилници, да се запознаат со филмската писменост и основи на филмскиот јазик и како, од идеја да стасаат до некој завршен производ. Идејата на оваа работилница е да декомпонираме сцена, да се стават во улога на сниматели и сто и нешто години подоцна, да раскажат приказна за Битола преку нивните телефони, која ќе биде продолжение на приказните што ги работеле браќата Манаки, вели Џиџева.

Во рамки на Офф програмата, секој ден, па до 29 септември, во Културниот центар „Магаза“ ќе се одржуваат презентации, изложби и работилници.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФИЛМОТ „М“ НА ВАРДАН ТОЗИЈА ОД 5 ОКТОМВРИ ЌЕ ИГРА ВО КИНОТО СИНЕПЛЕКС ВО СКОПЈЕ

Следно

ДУИ и Талат Џафери го демантираат Мицкоски, тврдат дека немаат примено никакво УСБ и документи

Latest from Blog

КЛ: Херера асистент во големата победа на Борац, Миовски на клупа во победата на Ренџерс

Борац Бања Лука на нашите репрезентативци Херера и Шишковски зачекори кон главната фаза на натпреварите во Конференциската лига, откако вечерва обезбеди голема победа од 3:1 на гостувањтео кај Викингур. Нашиот бек Херера

Драматична снимка од спасување киднапирани девојчиња во Атланта: Не мрдај или пукам! (ВИДЕО)

Снимката од нивното спасување е објавена на Фејсбук страницата на Полициската управа на Атланта, објави Пипл. Новата снимка од камерата што се носи на телото го покажува моментот кога властите во Џорџија

Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на ДЗС од воздух и пожарникари од терен

Во тек е интервенција на пожарот во реонот на селото Никуштак, во Општина Липково, каде што во гаснењето се вклучени и воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). На терен дејствуваат

ЛЕ: Ц. Звезда три чекори поблизу до главната фаза, шок за Салах и Трабзон (ВИДЕО)

Белградска Црвена Звезда успеа да оствари одлична предност од 3:0 на првиот меч со Викторија Плзен во рамките на плеј-офот за Лигата на Европа. Вечерва во Белград, некогашниот европски шампион дојде до

Силен земјотрес од 6,7 степени го потресе Перу (ВИДЕО)

Нема непосредни извештаи за штети, објави АП. Земјотресот се случил околу 13 часот по локално време, со епицентар 38 километри северозападно од градот Упахуача, во одделот Паринакочас во регионот Ајакучо. Епицентарот на
Go toTop