ДУИ и Талат Џафери го демантираат Мицкоски, тврдат дека немаат примено никакво УСБ и документи

September 23, 2023
1 min read

Ахмети и Џафери немаат примено никакво плико и никакво УСБ. ДУИ не е дел од било какви интигрантни сценарија или заговори и нема двојна агенда, велат од партијата

Талат Џафери и ДУИ ги негираат наводите што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги изнесе во изминативе два дена за наводно УСБ со докази за тајна комуникација меѓу нив, СДСМ и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Ахмети и Џафери немаат примено никакво плико и никакво УСБ. ДУИ не е дел од било какви интигрантни сценарија или заговори и нема двојна агенда“,

е одговорт на Демократската унија за интеграција (ДУИ) даден за Канал 5 телевизија.

Одговорот на ДУИ доаѓа откако два дена лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека има докази за дејствување на оска ДУИ,-СДС-Груевски и оти можеби треба да им се освежи меморијата за пликоата кои ги добиваа со едно УСБ и Ахмети и Џафери.

Од ДУИ за Канал 5 одговорија дека тврдењата на Мицкоски се неточни. Оттаму повторуваат дека средбите со Груевски за кои зборуваше Ахмети биле за пржинските преговори и негираат дека некогаш преговарале со експремиерот за Кривичниот законик, бидејќи, како што велат, во тоа време не постоеше СЈО и нивните обвиненија против него.

„Единствените разговори за Кривичниот законик се водени со Мицкоски на лидерските средби во Клубот на пратениците по негова иницијатива и барање откако стана претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ахмети и Џафери немаат примено никакво плико и никакво УСБ. ДУИ не е дел од било какви интигрантни сценарија или заговори и нема двојна агенда“,

велат од ДУИ.

И претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги отфрла наводите на Мицкоски.

„Апсолутна шпекулација. Ако има докази нека докаже пред Бог, пред Алах, пред државата“,

рече Џафери во кратка телефонска изјава за ТВ Телма.

Денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека Талат Џафери и Али Ахмети треба да кажат за содржината на УСБ-то и каков документ има во пликото кое го имаат добиено. Мицкоски рече дека тој ќе ги следи нивните изјави и дали ќе ја кажат вистината.

„Да оставиме тие да ја кажат вистината бидејќи тие добиле два од трите документи“,

рече Мицкоски.

Изјавите за наводните документи дадени на Џафери и Ахмети, Мицкоски првпат ги изнесе вчера во гостување на ТВ Алсат каде рече „можеби треба да им се освежи меморијата и за пликоата кои ги добиваа со едно УСБ и Али Ахмети и Талат Џафери во 2022 година пролетта, што имаше во тоа УСБ и кои беа документите кои беа дел од тоа“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Младите ја продолжуваат приказната на браќата Манаки за Битола

Следно

Пендаровски: Сите 21 протерани руски дипломати се занимаваа со шпионажа

Latest from Blog

Стојаноски: Ребалансот на Буџетот носи повеќе средства за инвестиции и развој

На денешната комисиска расправа во Собранието по Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, истакна дека предложениот ребаланс претставува документ кој ја отсликува реалната состојба во економијата и

Промет од над 12 милиони денари на Македонската берза, Алкалоид во фокусот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 03.07.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.451,71 поени. Во

Дали е ова годината на “Трите лава“: Дали е ова крај на 60-годишното проклетство на Англија?! (ФОТО)

ФОТО.facebook.com/fifaworldcup/ Конечно. Англија го прекина проклетството на Светските првенства кое траеше цели шест децении или точно 60 години. „Трите лава“ го победија ДР Конго со 2-1 во драматичен пресврт. Африканците водеа во

АЛАРМ ЗА ОПАСНИ ГОРЕШТИНИ: Како паметните нараквици во Барселона ќе ги спасуваат работниците од топлотен удар

Барселона почна да им дели нараквици за следење на телесната температура на работниците кои работат на отворено, со цел да се намали ризикот од топлотен удар за време на сè почестите и

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот вложуваме рекордни 46 милијарди денари во капитални инвестиции

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска пред пратениците го образложи Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година, истакнувајќи дека измените не се резултат на недостиг на приходи, туку на одговорно управување со јавните финансии
Go toTop