Костадиновска-Стојчевска: Буџетот за филм ниту е скратен ниту е допрен со ребалансот – имаат доволно средства за обврските, директорот да направи планови за исплати

September 21, 2023
1 min read

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, одговарајќи на новинарско прашање информираше дека утрово имала средба со филмските работници на која ги уверила дека не постои никакво кратење средства за македонскиот филм.

Министерката пред јавноста ги презентираше двете сметки на Агенцијата за филм, буџетската и сопствената, потенцирајќи дека сметките ги покажала и пред филмските работници и уверувајќи дека таму има доволно средства за исплата на сите обврски преземени кон филмските проекти и дека истите не се воопшто предмет на ребалансот кој го прави Министерството за финансии.

“Во ниту еден момент буџетот на Агенција за филм не бил скратен – не се точни информациите дека се кратени средства, некој погрешно ги информирал филмските работници” – одговори Костадиновска – Стојчевска.

Таа информирше дека Агенцијата за филм има реализација на средства од сопствената сметка од само 30%, иако е веќе втора половина на септември и потенцираше дека Агенцијата има и тоа како доволно средства за да ги исплати сите филмски проекти кои ги исполнуваат условите.

Ребалансот на буџетот никако не го допира буџетот на Агенцијата за филм.

Обврска на директорот е да прави планови за реализација и исплата на обврските кон проектите кои веднаш ќе бидат потпишани, истакна министерката за култура.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПРИДОНЕСОТ НА ГРЧКИОТ АРХИТЕКТ ДОКСИЈАДЕС ВО ИЗГРАДБАТА НА ПОСТМОДЕРНО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВИ НА ИЗЛОЖБА ВО МСУ

Следно

Мицкоски доби на суд: СДСМ повторно осудена за клевети и ширење лажни вести

Latest from Blog

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од

Рустемовски блеска на ЕП, има загарантиран медал од континеталниот собир

Македонскиот боксер Ален Рустемовски се пласираше во полуфиналето на Европскоот сениорско првенство во Софија. Нашиот преставник во денешната четвртфинална пресметка беше убедлив и со 4:1 го совлада ерменскиот боксер Артур Бажејан. Со

Бугарија не дозволи влез на над два тона македонско кисело млеко

Бугарските инспекциски служби спречиле влез на пратка од над два тона кисело млеко од Македонија, откако при контролата биле утврдени несовпаѓања меѓу придружната документација и ознаките на производите. Пратката била запрена на
Go toTop