Руската Амбасада во Сеул негира воена соработка со Северна Кореја

September 20, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Руската Амбасада во Сеул денес ги отфрли информациите дека Москва и Пјонгјанг разговарале за воена соработка на минатонеделниот билатерален самит меѓу претседателот Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, објави новинската агенција „Јонхап“, пренесува Анадолу.

Во соопштението на руската мисија се вели: „Директно ги информиравме нашите корејски партнери дека шпекулациите што циркулираат низ американските и јужнокорејските медиуми на оваа тема се неосновани.“

Москва се придржува до сите „меѓународни обврски што ги презеде, вклучително и оние поврзани со развојот на заемно корисни односи со нашиот добар сосед и долгогодишен партнер, Северна Кореја“, се нагласува во соопштението.

Соопштението е издадено откако јужнокорејското Министерство за надворешни работи го повика рускиот претставник вчера и ја повика Русија веднаш да ги прекине воените врски со Северна Кореја и да се усогласи со резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Севернокорејскиот лидер се врати во Пјонгјанг со својот приватен воз синоќа, објави државната новинска агенција КЦНА.

Ким, за време на својата еднонеделна турнеја, се сретна со Путин и со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и посети неколку воени локации и изврши увид во руската одбранбена технологија.

Додека Северна Кореја е под голем број глобални санкции за нејзините тестови на нуклеарно оружје, Москва е санкционирана поради нејзината „специјална воена операција“ во Украина што започна во февруари 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вработените во Филхармонија до министерката: Директори се менуваат, но не треба да се менува односот на државата кон своите најзначајни институции

Следно

ДУИ: Внатрешната битка во ВМРО-ДПМНЕ меѓу оние кои се залагаат за ЕУ и оние кои се за изолација се одвива на грбот на државата

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop