Нови детали и фотографии од несреќата во Велес, железничкото возило кочело околу 500 метри

January 5, 2023
1 min read

Повредени се 10 патници во сообраќајна несреќа што се случила денеска напладне откако возило моторна дрезина на ЈП МЖ Инфраструктура удрило во патничко комбе со 12 лица на патниот премин Порцеланка во Велес.

-Денеска во 12.01 часот во СВР Велес било пријавено дека на железничкиот премин кај фабриката Порцеланка во Велес се случила железничка незгода помеѓу железничко возило и такси возило – комбе „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, а управувано од 52 годишниот Д.Ј. од Чашка. Во незгодата со повреди се здобиле 10 патници кои биле пренесени во Општа болница Велес за укажување лекарска помош. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, информира Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

Од ЈП МЖ Инфраструктура велат дека нивното возило удрило во задниот дел на комбето.

-Возило сопственост на Инфраструктура се враќало од извршување работни задачи од станица во Богомила кон станица Велес, при што на патен премин Порцеленкна пред Велес удрило во задниот дел на патничко комбе, во кое се превезувале работници. Нашето возило кочело колку што му дозволувале техничките услови, неговиот запирен пат е околу 500 метри, дало сигнални знаци за опасност, но патничкото возило не застанало и поминало директно и било удрено на задниот дел, изјави Никола Марков, помошник директор за сообраќај во МЖ Инфраструктура.

Увид на местото на несреќата вршат екипи на Комисијата за вонредни настани на ЈП МЖ Инфраструктура и на Министерството за внатрешни работи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поднесена претставка за дискриминација против Бујар Османи

Следно

Хрватската полиција за трагедијата што го потресе Загреб: На убиецот на бебето му била укината забраната за пристап

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop