Русија: Украинската контраофанзива не ги постигна своите цели

September 5, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Русија синоќа изјави дека украинската контраофанзива не ги постигнала целите, јавува Анадолу.

Говорејќи на состанокот со воените началници во Москва, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека Киев изгубил десетици илјади луѓе и илјадници парчиња воена опрема од почетокот на украинската контраофанзива.

„Обидувајќи се да го сокријат неуспехот на офанзивата, украинските милитанти напаѓаат цивилни цели и овие терористички напади ги прогласуваат за воени победи“, рече Шојгу.

Тој рече дека ситуацијата на фронтот на Запорожје е најнапната и додаде:

„Противникот во борбените формации воведе бригади од стратешките резерви, чиј персонал беше обучен под водство на западни инструктори.“

Тој додаде дека руската Армија значително ги подобрила своите позиции на фронтовите Купјанск и Кремен.

Тој го поздрави исходот од воениот форум на руската Армија-2023, за кој рече дека помогнал да се обезбедат 20 нови договори во вредност од повеќе од 400 милијарди рубљи (4,14 милијарди долари).

„Конференцијата во Москва за меѓународна безбедност, што се одржа паралелно со форумот Армија-2023, собра 800 делегати од 76 земји, вклучително и 26 министри за одбрана“, рече тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фидан: „Анкара е подготвена да го продолжи дијалогот со Грција без предуслови“

Следно

Инзаги на клупата на Интер до 2025

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop