Либија: Претставникот на ОН и Хафтар се согласија за потребата од финализирање на нацрт-изборните закони

September 5, 2023
1 min read

ТРИПОЛИ (АА) – Претставникот на Обединетите нации (ОН) во Либија, Абдулаје Батили, во понеделникот се сретна со лидерот на силите од истокот на Либија, Калифа Хафтар, за да ги подготви неопходните услови за избори во таа земја, пренесува Анадолу.

„Се сретнав со Калифа Хафтар во Бенгази. Се договоривме дека е неопходно да се финализираат нацрт-изборните закони и да се обезбедат поволни услови за национални избори во Либија“, рече Батили на социјалната мрежа Х, споделувајќи фотографии од средбата.

За време на средбата се разговараше и за последните политички случувања во земјата, се наведува во соопштението на силите на Хафтар.

Батили во недела се состана со претседателот на Високата национална изборна комисија на Либија, Емад ал-Сајех, и со лидерот на Врховниот државен совет на Либија, Мохамед Такал.

Либија, која е богата со нафта, е средиште на длабока политичка и безбедносна криза и немири од 2011 година, кога долгогодишниот владетел Моамер Гадафи беше соборен и убиен по четири децении на власт.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тетово домаќин на Конференција за родова еднаквост и јакнење на положбата на жените

Следно

Убиен фудбалски репрезентативец на Панама

Latest from Blog

Божиновска: Пред студентите во Виена ги претставивме приоритетите на македонската енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска одржа предавање пред студентите на Виенската дипломатска академија, на кое разговараше за енергетската иднина на Македонија и предизвиците со кои се соочува секторот.

ПРЕМИЕРОТ ПОПУШТИ ПРЕД БАРАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ – Итно ангажирани 3.000 наставници

Француската влада конечно попушти под притисокот од двонеделните масовни ученички протести кои ја потресоа земјата – премиерот Себастиен Лекорну најави итно ангажирање на повеќе од 3.000 наставници во училиштата кои се соочуваат

Ligji për Specialen: Çfarë pritet më tutje?

Kuvendi i Kosovës i miratoi më 6 tetor ndryshimet në Ligjin për Dhomat e Specializuara dhe Zyrën e Prokurorit të Specializuar, pasi katër ish-krerë të Ushtrisë Çlirimtare të Kosovës u dënuan më

Петгодишно дете загина, откако врз него падна огромен екран во училиште на Флорида

Несреќата се случи во училиштето „Ривиера“ во Палм Беј. И покрај брзата интервенција на училишниот персонал и службите за итни случаи, момчето им подлегна на повредите во болницата подоцна истиот ден, пишува
Go toTop