Украина: Руските сили изведоа напад на пристанишната инфраструктура во Одеса

September 3, 2023
1 min read

КИЕВ (АА) – Руските сили синоќа извршија напади со беспилотни летала врз пристанишната инфраструктура во украинскиот регион Одеса, пренесува Анадолу.

Олег Кипер, началникот на Воената управа на Одеската Област, на својот профил на социјалните мрежи соопшти дека руската војска синоќа ја нападнала цивилната инфраструктура на југот од областа.

Истакна дека украинскиот систем за противвоздушна одбрана уништил 22 руски беспилотни летала во регионот.

„Погодена е инфраструктурата на пристаништето. Двајца работници цивили на пристаништето се повредени и пренесени во болница“, соопшти Кипер.

Во соопштението на Командата на Украинското воено воздухопловство се наведува дека Русија во синоќешниот напад во Одеската Област употребила 25 беспилотни летала.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спалети: Манчини во „аманет“ ми остави добар тим

Следно

Премиерот Ковачевски и министерот Николовски ќе го означат почетокот на новата ИПАРД 3 програма

Latest from Blog

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила
Go toTop