Град Скопје: Нема структурни оштетувања, мостот„Беласица“ од денеска делумно ќе биде отворен за сообраќај

September 2, 2023
1 min read

По речиси четири месеци мостот „Беласица“ денеска делумно ќе биде отврен за сообраќај, соопшти Град Скопје. Во соопштението се наведува дека ќе може да сообраќаат само лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот на завршување на градежните работи од страна на ЕСМ.

„Согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот на бул. ‘Беласица’, утврдено е дека тој нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста на мостот. Од извештајот констатирано е дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, кое ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија“,

се наведува во соопштението од Град Скопје.

Фото: 360 степени

Пожарот на мостот „Беласица“ што ја поврзува Железничката станица со крстосницата кај трговскиот центар „Ист гејт“ избувна околу полноќ меѓу 11 и 12 мај.

Ескепртизата за оштетувањата од опожарувањето на мостот ја правеше приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени. Директорот на институтот, Михаил Гаревски, кон крајот на јуни тврдеше дека од визуелната инспекција не е забележана ниту на еден дел од мостот изложеност на каблите за преднапрегање и дека тие се скриени со заштитниот слој на бетон. Како што изјави тогаш Гаревски, иако станува збор за мали оштетувања , потребна ќе биде санација.

Деканот на Градежниот факултет Горан Марковски, пак, неколку пати јавно порача дека е потребно детално испитување и темелна анализа пред мостот да се пушти во употреба.

„Генерално, сешто може да е случено во мостот, и според мене, од инженерски аспект, треба да сме потполно сигурни каква е неговата состојба пред да го пуштиме во употреба. Не значи дека тој ќе се урне по една недела или кога ќе се пуштат возила, може да се случи нешто по неколку години, можеби никогаш да не се случи, а да е оштетен. Меѓутоа, мораме да знаеме, тоа е она за што јас се залагам … Далеку сум од уривање на мостот, постојат методи за санација, уривање за мене не е опција“,

изјави Марковски на прес-конфернеција на 6 јули.

Мостот „Беласица“ е една од клучните артерии во Скопје која поврзува два дела од градот поради чие неработење се создава(ше) дополнителен метеж во и онака оптоварениот сообраќај во македонската престолнина.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Шефот на италијанската дипломатија Тајани: Европа не би требало да ја водат две или три земји

Следно

Мицкоски: Ако сакаме да се придвижиме кон ЕУ, треба оваа власт да замине

Latest from Blog

Босна славеше против Катар и со една нога е во следната рунда, Швајцарија заврши прва во групата (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја победи репрезентацијата на Катар со 3:1 во Сиетл во натпреварот од третото коло од групата Б на Светското првенство. Со оваа исклучително значајна победа, „Змејовите“ направија

Татко монструм бил во врска со својата 18 – годишна ќерка, таа си пресудила, тој доби минимална казна

Стивен Винсент Чавез, 41, се изјасни за виновен во мај за инцест и обезбедување алкохол на малолетник, а оваа недела беше осуден, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител на округот Вентура, објави Дејли

Јанушев оди под лупа, корупција ќе го чешла

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги разгледува новите наводи за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, и неговата можна поврзаност со компанија регистрирана во Бугарија. Од ДКСК потврдуваат дека имотната

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар
Go toTop