Социјалната мрежа Х ќе собира биометриски податоци, ниво на образование и работно искуство

September 2, 2023
1 min read

САН ФРАНЦИСКО (АА) – Социјалната мрежа Х, чиј сопственик е Илон Маск, порано позната како Твитер, го прошири опсегот на податоци што ги собира од своите корисници вклучувајќи ги биометриските податоци, нивото на образование и работното искуство, јавува Анадолу.

„Информациите што ги собираме можеме да ги користиме за обучување на нашите модели за машинско учење или вештачка интелигенција за целите наведени со оваа политика“, соопшти неодамна социјалната мрежа X.

Меѓутоа, не е сосема јасно кои се тие цели, освен автентикацијата и функционирањето на услугите, а на дефиницијата на X за биометриските податоци недостасуваат подробности.

Х има намера да евидентира и податоци за нивото на образование на своите корисници и нивното работно искуство. Според Х, тие податоци ќе се користат за предложување работни места.

Промените ќе започнат кон крајот на септември.

Маск во четвртокот објави порака на X која се чини дека има за цел да ги смири корисниците загрижени за својата приватност.

„Само јавните податоци, не приватните пораки или нешто лично“, напиша Маск.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тешко повредена малолетничка во Скопје по пад од електричен тротинет

Следно

Град Скопје: Нема структурни оштетувања, мостот„Беласица“од денеска делумно ќе биде отворен за сообраќај

Latest from Blog

Драма на крузер: Тројца починати од хантавирус- забранет му е влез во пристаниште

Крузерот, кој патувал од Аргентина до Зеленортските острови, бил задржан покрај брегот, а на патниците им било забрането да го напуштат бродот. Случајот со инфекција на крузерот е под истрага. Властите на

Утре делови од Тетово ќе бидат без струја

Делови од Тетово утре (5 мај 2026) ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини. Според најавите, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат објекти во дел од градот во

Виљареал и официјално ќе има нов тренер

Марселино Гарсија Торал нема повеќе да биде тренер на екипата на Виљареал. Ова конечно го потврди и самиот клуб, заблагодарувајќи му се на искусниот стратег, кој што го водеше тимот од 2023
Go toTop