Град Скопје: Нема структурни оштетувања, мостот„Беласица“од денеска делумно ќе биде отворен за сообраќај

September 2, 2023
1 min read

По речиси четири месеци мостот „Беласица“ денеска делумно ќе биде отврен за сообраќај, соопшти Град Скопје. Во соопштението како што се наведува, ќе може да сообраќаат само лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот на завршување на градежните работи од страна на ЕСМ.

„Согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот на бул.Беласица, утврдено е дека истиот нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста на мостот. Од извештајот констатирано е дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, кое ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија“

се наведува во соопштението од Град Скопје.

Фото: 360 степени

Пожарот на мостот „Беласица“ што ја поврзува Железничката станица со крстосницата кај трговскиот центар „Ист гејт“ избувна околу полноќ, меѓу 11 и 12 мај.

Ескепртизата за оштетувањата од опожарувањето на мостот ја правеше приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени. Директорот на институтот Михаил Гаревски кон крајот на јуни тврдеше дека од визуелната инспекција не е забележана ниту на еден дел од мостот изложеност на каблите за преднапрегање, туку тие се скриени со заштитниот слој на бетон. Како што изјави тогаш Гаревски, иако станува збор за мали оштетувања , потребна ќе биде санација.

Деканот на Градежниот факултет Горан Марковски, пак, неколку пати јавно порача дека е потребно детално испитување и темелна анализа пред мостот да се пушти во употреба.

„Генерално, сешто може да е случено во мостот, и според мене од инженерски аспект треба да сме потполно сигурни каква е неговата состојба, пред да го пуштиме во употреба. Не значи дека тој ќе се урне по една недела или кога ќе се пуштат возила, може да се случи нешто по неколку години, можеби никогаш да не се случи, а да е оштетен. Меѓутоа, мораме да знаеме, тоа е она за што јас се залагам … Далеку сум од уривање на мостот, постојат методи за санација, уривање за мене не е опција“,

изјави Марковски на прес-конфернеција на 6 јули.

Мостот „Беласица“ е една од клучните артерии во Скопје која поврзува два дела од градот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Социјалната мрежа Х ќе собира биометриски податоци, ниво на образование и работно искуство

Следно

Министерот Меџити очекува брза истрага за случајот со Клиниката за онкологија

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop