Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ ми наликуваат на папагал, што и да ги прашате велат „избори“

September 1, 2023
1 min read

реклама



ВМРО-ДПМНЕ ми наликува на папагал. Нив што и да ги прашате велат избори. Колку е саат да ги прашате – велат избори. Имате ли план – избори. Што ќе правиме после избори – избори. Тоа го правеа 11 години, избори по избори имавме и  и државата не мрдна ниту еден милиметар, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Според Ковачевски, ако ги погледнете позициите на ВМРО-ДПМНЕ во моментот, не може да најдете ниту еден европски или американски политичар кој стои на тие позиции. 

реклама

– Има само еден политичар во ЕУ којшто ги брани позициите на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е Никола Груевски од Унгарија. Тој е единствениот политичар кој ги брани нивните позиции и затоа сметам дека ова е исклучително важен процес, затоа и толку е вниманието на јавноста насочено, затоа е и толкава посветеноста на сите политички партии, се со цел да донесеме одлука која конечно Северна Македонија ќе ја стави неповратно на патот кон интеграција во ЕУ, нормално заедно со државите коишто веќе преговараат, бидејќи доколку не ги донесеме одлуките ќе ни се повтори тоа што ни се случи во 2008 година и Србија, и Албанија и Црна Гора ќе отидат пред нас, а ние ќе останеме во друштво со Босна и Херцеговина и со Косово, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ во Куманово.

Оваа политика на интеграција, според Ковачевски покажува какви резултати може да има позитивни ефекти врз граѓаните, врз државата и врз животниот стандард и затоа треба по тој пат да продолжиме. 

реклама

– Друга алтернатива нема, нагласи Ковачевски. 

Ковачевски, меѓу другото, посочи дека интеграциските политики коишто ги води оваа Влада покажува економски перформанси.

реклама

– Бројот на вработени во мандатот на оваа Влада е намален за 52 проценти, бројот на вработени само во една година е зголемен за 9,5 проценти, бројот на работни места коишто се платени над просечната плата расте. Ако со нешто се фалеа тоа беа 360 милиони евра странски директни инвестиции во 2016 година, минатата кризна година беа 760 милиони евра странските директни инвестиции. Се фалеа со бројот на вработени во странските економски зони, во 2016 година вкупниот број на вработени во странските економски зони беше шест илјади вработени, денеска се 17.500 вработени со плати дупло и повеќе повисоки од тоа време. Што значи дека таа политика која 11 години се водеше даде само непосакувани резултати, изјави Ковачевски. 

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европската комисија ја одобри најновата верзија на вакцината против Ковид-19

Следно

Ковачевски: Седницата за уставни измени ќе продолжи кога ќе се создадат услови

Latest from Blog

„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси Мадуро

Ова се случило неколку недели пред тој да нареди операција за негово приведување, открива списанието „Тајм“. Наводно, вештачката интелигенција му рекла на Трамп дека многумина во Венецуела веројатно би го прославиле падот

Барселона пронајде нов десен бек во Фиорентина, но ќе има конкуренција во Јувентус и Милан

Бразилскиот дефанзивец на Фиорентина, Додо, се најде на радарот на неколку европски гиганти и наскоро би можел да ја промени средината. Иако сезоната е во полн ек, најголемите европски клубови веќе ги

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Авионите слетаа во воздухопловната база Чиханг во источниот округ Тајтунг околу пладне, по летот од Хаваи и попатното застанување во Гуам. Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те изјави дека пристигнувањето на авионите претставува
Go toTop