Активисти ги бранат измените на Законот за извршители – Ибраимовски: Извршители ги оштетуваат граѓаните 10-15 пати повеќе од долгот

August 31, 2023
1 min read

реклама



Подготвени сме да поднесеме кривична пријава против сите кои не го почитуваат законот. Вака пред Уставниот суд изјави претседателот на ПЕРП Самка Ибраимовски, каде заедно со организаторите на протестот „Стоп за извршителите“ поднесоа аргументи за уставноста на измените на законот за облигациони односи, поточно дел кој се занимава со застареност на предметите.

Активистката на „Но Пасаран“, Ана Глигорова истакна дека целта им е да ги бранат законските измени пред Уставниот суд, а ќе ги аргументираат со компаративна анализа. Таа нагласи дека доколку долгот е 1000 денари, каматата не треба да биде поголема од оваа сума.

Здруженијата „Луѓето пред заработката“, „Но пасаран“, ПЕРП и КОСМ беа организатори на протестот „Стоп за извршители“ пред два дена. Согласно Законот за облигациони односи, предвидени се измени во член 2 каде што е утврдено дека извршната постапка може да се спроведе во рок од 10 години од денот на поднесувањето на барањето за извршување, а по овој рок, со ретроактивно дејство, предметот застарува.

реклама

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба Лавров-Фидан: „Ќе се вратиме на договорот за жито кога ќе бидат исполнети нашите услови од договорот со ОН

Следно

Лавров: „Ќе се вратиме на договорот за жито кога ќе бидат исполнети нашите услови од договорот со ОН“

Latest from Blog

Американците убиле 153 цивили за една година

Ова е значително зголемување од 2024 година, кога Пентагон процени дека двајца цивили биле убиени, а двајца повредени во американските воени операции, објави Ројтерс. Според извештајот на Пентагон до Конгресот, сите смртни

Статистика со одредена доза мистика

Податоците за стапката на невработеност во земјите од Г20 како повод за наша економска опсервација. Според најновата компаративна анализа на РИА Новости, Русија има најниска стапка на невработеност меѓу земјите од Г20

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски
Go toTop