Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со народот ќе ја победи оваа власт и нивните слуги – колку посилно ВМРО, толку посилна Македонија

August 31, 2023
1 min read

И кога ве гледам во олкав број како го славиме овој 33 роденден дополнително за мене како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, претставува мотив да истраеме, издржиме и заедно со вас за неколку месеци од денеска на парламентраните избори да ја запечатиме оваа историја и да победиме со мнозинство во македонскиот парламент. Многу е важно таа победа да биде голема, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Штип каде се одбележуваше 33 година од Општинскиот комитет на партијата во овој град.

„По се ова што го направивме изминатиов период, многу е важно таа победа да биде со мнозинство во македонското Собрание. Затоа што еве стојам од овде пед вас ве гледам во очи и ви велам да сигурно на следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со голема победа. Но, нема да е доволно таа победа да биде со помал број од 61 пратеник. Зошто ова го зборувам? Затоа што за време на таа кампања ќе се изнаслушате се и сешто од ситни души кои се платени со ваѓи пари, а крадени од Владата на ДУи и СДСМ или СДСМ и ДУИ како сакате кои со тие ситни души прават коалиција како ВМРО-ДПМНЕ да не дојде до 61 пратеник. Зошто? Затоа што така нивната цена на политичката сцена на нивниот пазар кој што тие се навикнати ќе биде многу мала. И второ затоа што му слугуваат на нивниот главен стопан и сигурно вие го очекувате тој стопан да биде СДСМ. Не не е СДСМ“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа „СДСМ се претвори од државотворна партија во измеќари на ДУИ“.

„Тие се вистинскиот стопан денес во владата и на СДСМ, и на овие ситни души кои што ќе имаат за цел да излезат и да ви кажат вие што сакате да слушнете, а потоа кога ќе заминат од тие средби со граѓаните додека патуваат до другата точка во возилото да ги бројат парите кои ги добиваат од нивниот стопан, само и само да го поделат антивладиниот македонски гласач“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека целта на партијата е на идните избори, покрај тоа што мора да ја декласира коалицијата СДСМ и ДУИ, е да им го покаже вистинското место на оние кои се претставуваат како алтернатива, кои што го изедначуваат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, да им се покаже вистинското место. Тој додаде „а тоа е на темната страна на историјата, со огромна победа која што ќе ја направиме заедно со вас и со народот на Македонија“.

Мицкоски порача дека колку е посилно ВМРО, толку е посилна Македонија.

„А колку е посилна Македонија толку и вашиот дом е повреден. Колку е послаба Македонија, колку повеќе Македонија е клекната на колена, толку и бизнисте на бизнисмените се посиромашни, толку и нашите домови се помалку вредни. Затоа ние потребна огромна победа. Победа со која што ќе ја зголемиме вредноста на нашиот дом“, заклучи Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турската Aмбасада во Скопје организираше свечен прием по повод Денот на победата

Следно

Познати се сите учесници и шеширите за ждрепката за групите во ЛШ (ФОТО)

Latest from Blog

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop