Ковачевски за „Европа со повеќе брзини“: Оние што се побрзи во своите реформи, тие први ќе влезат во 2030 година во ЕУ

August 30, 2023
1 min read

Премиерот, посочувајќи на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за „Европа со повеќе брзини“, нагласи дека „тоа значи дека оние кои се побрзи во своите реформи, тие први ќе влезат во 2030 година во Европската Унија“

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на два пати повтори дека има кокретна одредница за проширувањето на ЕУ – 2030 година, и дека оние што се побрзи во своите реформи, први ќе влезат во 2030 година во Европската Унија, истакна вечерва премиерот Димитар Ковачевски на почетокот на трибината на тема „ЕУ за македонската економија“ со која денеска во Скопје започна владината кампања „Ние сме Европа“. 

„Сакам на почетокот да расчистиме три дилеми: Прво дека после долго време претседателот на Европскиот совет во Блед и повторно на телевизија Словенија кажа дека има конкретна одредница за проширување на Европската Унија, а тоа е 2030 година и тоа е истата година за којашто ние велиме дека Северна Македонија ќе биде подготвена“,

рече Ковачевски.

Премиерот, посочувајќи на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за „Европа со повеќе брзини“, нагласи дека „тоа значи дека оние кои се побрзи во своите реформи, тие први ќе влезат во 2030 година во Европската Унија“. 

„Исто така, оттука сакам да ги демантирам пропагандистите платени од трети држави кои не сакаат да ја видат оваа држава во ЕУ, да ги демантирам структурите на поранешните служби на државна безбедност уште од времето на Југославија, кои исто така не сакаат да ја видат оваа држава во ЕУ и оние чиишто бизнисни сметаат дека единствено можат да работат во изолирана држава, претседателот Макрон кажа да, Европа со повеќе брзини, но тоа значи дека оние кои се побрзи во своите реформи, тие први ќе влезат во 2030 година во Европската Унија,

посочи Ковачевски. 

Тој рече дека сите стратешки одлуки што ги носи оваа Влада и што ќе ги носи, имаат стратешка цел, а тоа е развој на економијата, развој на приватниот сектор, нови вработувања и подобро платени работни места.  

Со трибината, која се одржува во центарот на Скопје, на тема „ЕУ за македонската економија“, во Скопје денеска започна кампањата „Ние сме Европа“. Настанот е дел од информативниот караван под мотото „Саем на европски вредности“, а во рамките на караванот ќе се презентираат можностите и придобивките од преговорите кои ги нуди членството во ЕУ.

Вечерва свои обраќања ќе имаат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за економија Крешник Бектеши, шпанскиот амабасадор и други. На настанот присуствуваат голем дел од министрите во Владата, поранешниот премиер Владо Бучковски, како и повеќе граѓани. 

Кампањата „Ние сме Европа“ ќе се реализира во осум градови низ државата – Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и во Штип. Темите што ќе бидат опфатени се економија, култура, енергетика, туризам, земјоделие, млади, инфраструктура и социјална политика.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗБИРКАТА ФОНД 580 „БРАЌА МАНАКИ – БИТОЛА 1853-1964“ ПРОГЛАСЕНА ЗА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ОД ОСОБЕНО ЗНАЧЕЊЕ

Следно

Италија со капитен доаѓа во Македонија

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop