Милевски: Да не се залажуваме, Македонија не е светска велесила!

August 30, 2023
1 min read

Селекторот на Македонија, Боби Милевски вели дека дебаклот на гостувањето кај Англија и тешкиот пораз од 7-0 е добредојден за сите да не спушти на земја.

По историскиот настап на ЕВРО 2022, „црвено-жолтите“ сериозно назадуваат, во јуни Македонија доживеа дебакл на гостувањето кај Англија, загуби со 7-0 и го доживеа најтешкиот пораз во својата историја.

„Да не се залажуваме, Македонија не е светска велесила. Тоа е реалноста! Супер се очекувањата, реалноста е друга. Македонија може да биде добра само ако функционира како тим и наша должност е сите да се ставиме во функција на тимот, само така може да се надеваме на успешни настапи. Факт е дека постојано освен со Португалија е што секогаш ни недостигале витални играчи, но ростерот е тој, изборот е тој – тоа е реалноста. Ќе повторам не сме фудбалска велесила. Тоа што ни се случи со Англија е можеби и добро, за да се спуштиме на земја и да почнеме од доле, да градиме тимски дух и тим“, – вели Боби Милевски.

Тој потоа додаде: „Сакаме да покажеме дека Макеоднија е конкурентна и покрај проблемите со кои се соочуваме. Ќе го дадеме максимумот, момците ќе бидат подготвени за предизвикот и мислам дека атмосферата во нациналниот тим ќе биде добра и позитивна“.

И покрај тоа што на списокот има 29 имиња, уште сега е познато дека отпаѓаат тројца.

„Не случајно избравме пообемен состав со 29 фудбалери, од кои за жал тројца нема да бидат со нас. Радески има воспаление на тетивата, Чурлинов од лекарскиот тим не доби дозвола за да се приклучи на селекцијата, а Валон Етеми се пожали на старата повреда од јуни, ама за него немаме официјална потврда, па е под знак прашалник.“

„Димитар Митровски и Ахмед Иљазовски се повикани поради своите настапи во последно време и ќе се обидат да ја зголемат конкуренцијата“.

„Александар Трајковски е единствен кој сѐ уште е без клуб, но тој е професионалец, јас добро го познавам и изрази желба да е дел од тимот и да се стави во функција. Физички е повеќе од подготвен, но како за него, така и за другите фудбалери кои има проблеми со клубовите, ќе се направи подетална проверка и евалуација колку ќе може да помогнат“.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Турскиот министер за надворешни работи, Фидан, во посета на Русија

Следно

Сaмостојна изложба на Димитрие Дурацовски од 1 септември во Чифте амам

Latest from Blog

Пресврт: Сепак ништо од предавањето на оружјето?

Палестинското милитантно движење Хамас успеа да отстрани од својот предложен план за преминување во втората фаза од планот за Газа формулирања што би можеле да се протолкуваат како барање за предавање на

Попладнево итно опериран Стевчо Јакимовски

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, попладнево итно е опериран во Клиничката болница „Систина“ дознава 24инфо. Според првичните информации, станува збор за оперативен зафат поврзан со карцином. Повеќе детали за неговата

Барана стока за време на Мундијалот…. Мексико заплени три тони кокаин

Очигледно дека огромниот број на туристи односно навивачи кои што пристигнаа во Мексико, САД и Канада по повод Мундијалот, потикнаа многу бизниси, легални но очигледно и нелегални. Мексиканската полиција соопшти дека за

Мицкоски: Ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема амбиција да биде кандидат за претседател на државата, нагласувајќи дека неговата цел е како лидер на ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи партијата кон нова убедлива победа на
Go toTop