Француски војник убиен во антитерористичка операција во Ирак

August 29, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Француски војник е убиен во антитерористичка операција во Ирак, објави француското Претседателство, пренесува Анадолу.

Никола Мазје од падобранската единица е убиен во понеделникот во близина на ирачкиот главен град Багдад додека неговата единица им помагала на ирачките сили во антитерористичка операција, се вели во соопштението на француското Претседателство.

Во соопштението се вели дека претседателот Емануел Макрон изразува тага и упатува сочувство до семејството на војникот.

Претседателот, исто така, ја поздравува храброста на војниците ангажирани во Ирак и ја потврдува решителноста на Франција во борбата против тероризмот на страната на Ирак, се додава во соопштението.

Францускиот Генералштаб во вторникот соопшти дека за време на операцијата во близина на Багдад биле ранети уште четворица војници, кои веднаш биле префрлени во болница.

Франција ја започна операцијата „Шамал“ на 19 септември 2014 година во обид да се спротивстави на ширењето на терористичката организација ДАЕШ и да ја поддржи ирачката Армија и коалицијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хрватска: ЕУ ќе ги започне преговорите за членство со БиХ до крајот на 2023 година

Следно

Награда на филмската критика за „Кајмак“ на Милчо Манчевски

Latest from Blog

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,
Go toTop