(ВИДЕО) Британскиот премиер казнет бидејќи се возел без појас додека снимал видео за Инстаграм

January 20, 2023
1 min read

Владата соопшти дека Сунак „целосно прифаќа дека ова е грешка и се извинува“, додавајќи дека ќе ја плати казната

Британскиот премиер Риши Сунак заработи казна затоа што не носел појас во автомобил во движење додека снимал видео за социјалните мрежи.

Полицијата во Ланкашир соопшти дека на 42-годишен маж во Лондон му издала условна понуда да ја плати казната за да не оди на суд.

Владата соопшти дека Сунак „целосно прифаќа дека ова е грешка и се извинува“, додавајќи дека ќе ја плати казната.

Патниците што во Британија ќе бидат фатени дека не го врзале појасот кога го има, може да бидат казнети со парична казна до 100 фунти.

Ова може да се зголеми до 500 фунти ако случајот отиде на суд.

Премиерот бил во Ланкашир кога се снимало видеото, за време на патување низ северна Англија.

Видеото – за промовирање на најновото владино „порамнување“ на трошоците – беше објавено на инстаграм-профилот на г. Сунак.

Сунак мора да ја плати казната во рок од 28 дена.

Либералдемократите рекоа дека станувајќи вториот актуелен премиер во историјата што е казнет од полицијата, тој „го покажал истото непочитување на правилата како Борис Џонсон“.

Заменик-лидерката на либералдемократите Дејзи Купер рече:

„Од скандалот со роденденот до скандалот со појасот, овие конзервативни политичари едноставно го третираат британскиот народ како будали. Иако тие продолжуваат да се однесуваат како да е едно правило за нив, а друго за сите други, оваа парична казна е потсетник дека конзервативците на крај си го добиваат заслуженото“.

Ова е втор пат Сунак да добие таква казна откако е во владата.

Минатиот април, тој беше казнет заедно со Борис Џонсон и сопругата Кери за кршење на правилата за карантин поради ковидот – присуствувајќи на роденденски собир на тогашниот премиер на Даунинг стрит во јуни 2020 година.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Видео: Пожар во куќа во скопската населба Тафталиџе

Следно

Неверојатна глетка на небото над Турција, некои тврдат дека е НЛО (ВИДЕО)

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop