Бледскиот стратешки форум со учество на лидери од регионот и Европа почнува утре

August 27, 2023
1 min read

САРАЕВО (АА) – Бледскиот стратешки форумот во Словенија започнува утре, 28. август. Ова година форумот се организира под мотото „Солидарност за глобална сигурност“, пренесува Анадолу.

Лидери од регионот, меѓу кои премиерот на Словенија, Роберт Голоб, премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама, премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, премиерот на Бугарија, Никола Денков, претседавачката со Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто и премиерот на Косово, Албин Курти, ќе учествуваат на лидерскиот панел најавен за утре.

На форумот учество ќе земе и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

На маргините на дводневниот Форум во Блед се планирани билатерални средби.

Бледскиот стратешки форумот е водечка конференција во Централна и Југоисточна Европа. Се одржува секоја година кон крајот на летото во живописната алпска средина на езерото Блед во Словенија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва свечено се затвораат „Струшките вечери на поезијата“

Следно

Голема Богородица ќе се одбележи во Бигорски и црквата заштитничка на Дебар

Latest from Blog

НОВА ЗАКАНА – Захарова: „Ова се нашите воени цели во Европа“

Фабриките во Европа што произведуваат оружје за Украина се потенцијални воени цели за Русија, изјави во среда портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Захарова на прес-конференцијата изјави дека европските

Сестрата на Роналдо: Португалскиот народ не заслужува да го има најдоброто!

Откако Кристијано Роналдо го напушти кампот на португалската репрезентација и се огласи за да го потврди своето заминување, масло на оганот додаде неговата сестра Елма Авеиро со жестока објава. „По прес-конференцијата на

Дефинитивно пукна тиквата во Португалија, лутиот Роналдо го напушти тимот!

Легендарниот напаѓач Кристијано Роналдо предвреме ја напушти репрезентацијата на Португалија. Ова се случи после прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус кој објави дека Роналдо ќе започне на клупата и на утрешниот натпревар на Португалија
Go toTop