Во одбрана на Оземпикот

August 27, 2023
1 min read

Семаглутидот стана феномен изминатите неколку години. Познат по различни брендови (Wegovy, Ozempic и Rybelsus), лекот го користеа разни познати личности за да ослабат, од Ким Кардашијан до Илон Маск. Иако семаглутидот првично беше наменет да им помогне на луѓето да се справат со дијабетес тип 2, сега почесто се смета за чудотворен лек за губење тежина. Само една неделна инјекција или дневна таблета може да им помогне на луѓето да изгубат тежина без напор.

Порано годинава, британскиот Национален институт за здравје даде зелено светло за препишување на Вегови како дел од пилот-шема вредна 40 милиони фунти.

Нивната поддршка за семаглутидот има покритие. Студија од 2021 година покажа дека пациентите кои го земале во комбинација со здрава исхрана и вежбање, телесната тежина ја намалиле за 15 проценти, во споредба со 2,4 проценти во контролната група.

Семаглутидот делува така што симулира чувство на ситост. Ги таргетира рецепторите за хормонот наречен GLP-1, кој го потиснува апетитот и предизвикува ослободување на инсулин (оттука и неговата употреба за управување со дијабетес). Резултатот е значително намален внес на калории, без напади на глад или ограничувања во групите на храна што вообичаено ги бараат диетите.

Се разбира, ниту еден лек не е без несакани ефекти. Со семаглутид, најчести се гадење, дијареа, запек, стомачни болки, главоболки и исцрпеност. За повеќето луѓе, овие симптоми се нешто со кое можат да се справат. Не сите. На пример Борис Џонсон се откажа.

„Голем дел од критиките за семаглутидот се должат повеќе на извесен пуританизам отколку на здравствени грижи. Во ерата на параноја околу „ултра-процесираната“ храна, нашите елити кои се фрикови за здравјето, неделното инјектирање кое ви помага да изгубите тежина го сметаат за неприродно“, пишува Лорен Смит.

Со други зборови, оземпикот се критикува како „лесно бегство“ од дебелината а луѓето кои го земаат се виновни што не страдале доволно за да ослабат и истовремено ги избегнуваат трендовските диети како кето и хроно, кои имаат огромна медиумска поддршка.

„Зошто да не го прифатиме ова? Ете ни лек кој може да им помогне на милиони луѓе да ослабат а наводно и го намалува ризикот од кардиоваскуларни проблеми. Семаглутидот не е „мрачен проблем“ или „морална дилема“. Тоа е лек кој има потенцијал да го подобри животот. Само заради тоа вреди да се навива за него“, пишува Смит.

**************

Види и:

Трендот за слабеење со лекови за дијабетес

Штетните страни на магичното слабеење со Оземпик

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поетска средба – разговор со академик Павле Горановиќ

Следно

Брачен пар и деветгодишно девојче загинаа во сообраќајка кај Златибор, за живот се бори уште една малолетничка

Latest from Blog

Димовски: Компаниите во ТИРЗ со поголеми плати, извоз и буџетски придонеси

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, соопшти дека компаниите кои работат во технолошко-индустриските развојни зони во текот на 2025 година и почетокот на 2026 година бележат значителен раст на повеќе економски

Европската држава размислува за ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРЗИНАТА НА 70 КМ/Ч поради можен недостиг на гориво

Намалувањето на брзината и ограничувањето на возењето во густо населени подрачја би можело да биде начин за намалување на потрошувачката на гориво. Шведска би можела да воведе итни мерки поради евентуален недостиг

Мај и јуни во знакот на фестивали: Вино, гастрономија и концерти на секој чекор

Веќе со првите потопли вечери, Македонија повторно влегува во сезоната на фестивали, период во кој градските плоштади, паркови и отворени сцени стануваат места за дружење, дегустација и традиционалните културни навики. Мај годинава носи силна фестивалска

Почнува фестивалската сезона: мај и јуни во знакот на вино, храна и музика

Веќе со првите потопли вечери, Македонија повторно влегува во сезоната на фестивали, период во кој градските плоштади, паркови и отворени сцени стануваат места за дружење, дегустација и традиционалните културни навики. Мај годинава
Go toTop