Поетот верува дека само раните можат да се наследат, а не болестите

August 26, 2023
1 min read

Добитниците на наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“, Димитар Башевски и Гевин Бредли во рамки на „Струшките вечери на поезијата“ имаа свои портрети на кои се говореше за нивниот лик и дело.

За книгата „Страв од разделба“ ирскиот поет Бредли е добитник на меѓународната награда „Мостови на Струга“ што ја доделуваат „Струшките вечери на поезијата“ и УНЕСКО за најдобра дебитантска поетска книга. Бредли е ирски автор од Белфаст, Северна Ирска, а од 2012 година живее во Едмонтон, Канада.

Денес стравот од разделба (separation anxiety) има своја медицинска утврденост и симптоматологија и именуван е со кодот Ф93.0.3 Пред стотина години носталгијата исто била сметана за заболување и била лечена со опиум, пијавици или со престои на високите планини. Таму човекот требало да се излечи од неговиот копнеж по домот, со тоа што планината полека станува негов дом. Наспроти болната прецизност на медицината, поетот верува дека само раните можат да се наследат, а не болестите. Отворените рани во кои зборовите на монолитните догми ставаат жешка сол. Затоа Бредли верува дека сѐ може да биде предмет на разоткривање, на спонтана десакрализација и верува дека така може да се осветли апсурдот на строгата религиска или милитантна свест, рече Никола Маџиров за поезијата на Бредли.

Башевски со неговата поетска збирка „Дни, години“ во издание на „Слово“ е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ која се доделува за најдобра поетска зборка меѓу две фестивалски изданија.

„Дни, години“ е, веројатно, најзрелата поетска книга на Димитар Башевски. Сé што било препознатлив белег во неговите претходни книги овде го наоѓа својот најчист облик. Критиката досега веќе го нотирала во поезијата на Димитар Башевски ехото на едноставната форма на Константин Кавафис и мудрата сведеност на идеалната „проста и строга македонска песна“ дефинирана од Блаже Конески. Сепак, во својата седма поетска книга Димитар Башевски оди чекор подалеку, кон еден имажистички модел на возвишена едноставност што открива најдлабоко значење. Голем дел од неговата поезија, се чини, ги илустрира трите начела на Езра Паунд – за директниот опис, за избегнување на излишниот збор и за музичката фраза наместо метрономски ритам. Јасната поетска слика доловена преку едноставен исказ во стиховите на Димитар Башевски секогаш е заокружена со мисловен проблесок. Такви се многу негови песни, меѓу кои и антологиските „Стракче“, „Статуа“, „Летопис“ и „Земјотрес“, истакна проф. д-р Иван Додовски.

Денеска, поетски портрет ќе има и годинашниот добитник на „Златен венец“, Влада Урошевиќ, чие чествување ќе се одржи во црквата „Св. Софија“ во Охрид со почеток во 20:30 часот.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИЗЛОЖБА ЗА 20 ГОДИНИ ОД СТРИП САЛОНОТ ВО ВЕЛЕС, НА КОЈ ГОСТИ БИЛЕ ЦРТАЧИТЕ НА „ЗАГОР“, „СУПЕРМЕН“, „БЕТМЕН“, МАНГА

Следно

Руската противвоздушна одбрана собори украински дрон над Москва

Latest from Blog

Претседателот на КОНМЕБОЛ тврди: СП во 2030 ќе биде со 64 репрезентации!

фото: FIFA World Cup Stats (X) Претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез, изјави дека Светското првенство во 2030 година сигурно ќе се одржи со учество на 64 репрезентации. „Следниот турнир

ПРЕСВРТ И ПРОТЕСТИ ВО УКРАИНА, Зеленски доби ултиматум: „Мора да си оди, крајниот рок е петок!“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочи со продлабочување на кризата околу неговото воено лидерство во понеделникот откако популарниот поранешен министер за одбрана, Михајло Федоров, кого го разреши минатата недела, ја отфрли неговата

Гостиварци пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

Гостиварци пиеле вода од чешма загадена со фекалии 48 пати над дозволените граници, покажале резултатите од земените мостри од Институтот за јавно здравје, кои што вечерва ги сподели Основното јавно обвинителство. Пумпите

Паредес одиграл три натпревари со скршено ребро

фото: GOAL @goal (X) Аргентинскиот играч од средниот ред, Леандро Паредес, ги одиграл последните три натпревари на Светското првенство со скршено ребро. Како што објави новинарот Мартин Аревало, играчот играл со оваа

Нетанјаху наскоро пристигнува во Њујорк- градоначалникот има намера да го уапси

Се очекува Нетанјаху да го посети градот во септември за Генералното собрание на ОН, објави „Њујорк тајмс“. „На Нетанјаху му е местото во Хаг“ Мамдани даде слични коментари во саботната епизода од
Go toTop