Ескобар: Никому нема да вршам тортура – САД ги гледа како партнери оние кои се за ЕУ интеграција

August 25, 2023
1 min read

реклама



Нема никого да го подложувам на тортура, низ смеење високиот американски дипломат Габриел Ескобар одговори на коментарот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека власта повикува меѓународни претставници да му вршат притисок и тортура. Ескобар на заедничката прес конференција со премиерот Ковачевски сепак порача дека САД гледа партнери во оние кои се стремат кон европска интеграција.

Сакам да кажам дека нема никого да го подложувам на тортура овде, сакам јасно да посочам дека  САД не избира влади за земјите на НАТО, меѓутоа поставуваме очекување и единствената работа за која што ќе зборувам е да ја дадам истата порака која што ја ширам во регионот е дека САД ги гледа како природни партнери оние кои што се посветени на европската интеграција, на НАТО и на борбата против корупцијата. И сакам тоа јасно да го посочам, но исто така сакам да слушнам и да има многу отворена размена на гледишта“, вели Габриел Ескобар.

реклама

Во своето кусо излагање Ескобар и не изнесе многу детали за разговорите со Ковачевски за процесот на уставните измени и прекинувањето на седницата поради немање мнозинство, но само дипломатски одговори дека е задоволен од тоа што е почнат процесот во Собранието.

Навистина ни беше многу мило што започна процесот затоа што сакаме да ве видиме во Европската унија. Вие сте дел и член на евроатлантската заедница така што сакаме да имате блиско учество во сите тие структури, мило ми е што започна процесот и се надевам дека ќе продолжи“, вели Габриел Ескобар.

реклама

Не е точно обвинувањето дека Владата коленичи за да дојдат странски дипломати и да вршат притисок за уставните измени, високиот американски дипломат Ескобар е во земјава во име на пријателство, истакна Ковачевски. За разговорите Ковачевски истакна дека главно се задржале на нашиот евроинтегративен процес.

Она што ние треба да го направиме како политичко лидерство е да обезбедиме непречен  процес за зачленување на Северна Македонија во полноправно членство во Европската унија. Нов договор нема да има, ниту пак има можност за репреговарање на преговарачката рамка. Билатералните односи со Бугарија се токму тоа, билатерални односи и нема да влијаат на процесот на евроинтеграции и што е уште поважно што уште еднаш потврдивме дека нови барања согласно преговарачка рамка не може да има“, порача Димитар Ковачевски.

реклама

Дводневната посета на високиот американски дипломат Ескобар на земјава  е во рамките на балканската турнеја, а по средбата со премиерот Ковачевски тој потоа замина на средба и со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Средбата пак, со претседателот на државата Пендаровски се одржа вчера.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Струшки вечери на поезијата: Промоција на преведеното издание на „Збунети компаси“на Зоран Анчевски

Следно

Новинарката на ТВ21, Валмира Зендели доби награда од МЗМП, УНХЦР и ЗНМ

Latest from Blog

Предложен притвор за лицето во кичевско кое со секира го убил својот татко, а и нанел тешки повреди на својата мајка

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против едно лице осомничено за едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и еден обид за убиство според истата правна

Македонија повторно во европската елита, обезбеди учество на континенталното првенство во ракомет во 2026

Ракометната репрезентација на Македонија триумираше над Литванија со 26:17 (13:11) во дуел од квалификаците за пласман на Европското првенство во 2026 година. По победата пред полни трибини во СЦ „Јане Сандански“, Македонија

Кузмановски: Сакаме да сме пример за младите, како што за нас беа Кире, Столе, Жути

Капитенот Филип Кузмановски повторно ја водеше Македонија до нова победа во квалификациите, овој пат вредна за пласман на ново Европско првенство. „Навистина пред сè сакам да се заблагодарам на целата публика за

Дрво падна врз автомобил во Струмица

Вечерва околу 20 часот, дрво паднало врз автомобил во Струмица, на улицата Ванчо Китанов. Регирала и противпожарната служба, и за среќа нема повредени. „Вечерва (недела) 11.05.2025 година, околу 20.00 часот на ул.Ванчо

Шукова: Чиста животна средина, приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори 

Животната средина треба да ја гледаме како предност, не како трошок, тоа е еден од секторите кои исто така треба да го усогласиме со европските регулативи, порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на
Go toTop