БиХ: Во џамијата Кушлат, изградена од османлиските војници, се одржа традиционалната петочна молитва

August 25, 2023
1 min read

ЗВОРНИК (АА) – Во џамијата Кушлат кај Зворник денеска се одржа традиционалната петочна молитва (џума-намаз), каде хатиб беше хафизот Ахмед еф. Хускановиќ, главниот имам на Меџлисот на Исламската заедница на Тузла, јавува Анадолу.

Џамијата Кушлат, изградена кон средината на 15. век, се наоѓа на карпа висока 500 метри. Изградена е од османлиските војници веднаш по нивното пристигнување во Босна, и поради таа причина се смета за прва воена џамија во Босна и Херцеговина.

„Денеска, 25 август, клањавме џума-намаз во џамијата Кушлат или како што го нарекуваат ова место ‘гнездо на соколите’. Уште еднаш се потсетивме на нашата традиција и на добрите луѓе кои живееја на овие простори и кои ја изградија џамијата. Муфтијата д-р Вахид еф. Фазловиќ, Меџлисот на Исламската заедница во Зворник и џематот на Дрињача ми ја укажаа својата доверба и големата чест денес да бидам хатиб. Ме радува фактот што имаше голем број верници и тоа покажува колку џамијата е неопходна во животот на муслиманите. Ги поздравувам сите наши верници, но и нашите соседи со желба да живееме во мир. Секој нека верува во она што треба и мисли дека треба, но нашите деца треба да ги воспитуваме во мир и да воведеме ред кај нас, меѓу нас, во нашите семејства и нашето општество“, рече хафиз Ахмед еф. Хускановиќ.

Џамијата за време на агресијата во 1993 година беше запалена, а во својот изворен облик и на истото место е обновена во 2013 година. Од последната нејзина обнова продолжува традицијата од минатото, кога последниот петок во август се клањал џума-намазот, а во последните неколку години е практика во оваа џамија да се одржи по една петочна молитва и за време на месецот Рамазан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американците и Украинците во клинч како да ја спасат контраофанзивата

Следно

Ќе се снима спот: Посебен режим на сообраќај ноќта меѓу недела и понеделник во Скопје

Latest from Blog

Најмалку пет лица биле повикани на информативен разговор во полиција за водата во Скопје

Министерството за внатрешни работи продолжува да повикува на информативен разговор лица од чии профили вчера се повикуваше да не се пие водата во Скопје поради присуство на бактерија, што попладнето беше демантирано

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments за групни нарачки

Корисниците сега можат директно во апликацијата да платат за своите артикли кога заедно нарачуваат од ресторани со пријателите, семејството или колегите. Wolt ја воведува функцијата Split Payments (Поделено плаќање) за групни нарачки,

ЕИБ: Европа има неискористен минерален потенцијал – Македонија со потврден бакар во Иловица

Европската инвестициска банка повикува на забрзување на геолошките истражувања и развојот на нови рударски проекти во Европа. Во својот последен технички извештај „Предизвици и решенија за истражувањето на минерали во Европа“, ЕИБ

Скопје станува регионален центар за европска сертификација на финанс

АБИТ и ЕФПА Луксембург започнуваат стратешко партнерство преку кое во регионот ќе бидат достапни меѓународни програми за финансиско образование и професионална сертификација. Ова нуди посебна вредност за студентите на Хајделберг факултет Скопје.

Општина Битола со нова дезинсекција: Целта е намалување на ризикот од Западнонилска треска

Општина Битола ќе спроведе дополнителна, вонредна дезинсекција против комарци на територијата на општината, како превентивна мерка поради актуелната епидемиолошка состојба во земјата и зголемениот ризик од ширење на Западнонилската треска. Според информациите
Go toTop