„Конкурс за дилери на дрога“ – акција на косовската опозиција пред владата

August 25, 2023
1 min read

Опозициската Демократска партија на Косово (ПДК) изведе денеска симболична акција пред Владата на Косово, по повод неодамнешното апсење во Тирана на советникот од редовите на владејачкото Движење самоопределување (ЛВВ) во општинското Собрание на Приштина, Бесник Мујеци, кој беше приведен од албанската полиција како член на група шверцери со наркотици, јави дописникот на МИА од Приштина.

Неколку припадници на подмладокот на ПДК поставија пред Владата банер, преку кој партијата на премиерот Албин Курти, ЛВВ, наводно распишува „конкурс за дилери на дрога“, откако на нејзиниот функционер во Советот на косовската престолнина му беа запленети 11.300 дози екстази во вредност од околу половина милион евра.

Претседателот на приштинскиот огранок на ПДК, Трим Сиља изјави дека конкурсот се објавува затоа што „ЛВВ има проблеми со обезбедувањето дилери на дрогата во и надвор од Косово“.

Навраќајќи се и на аферата со набавките за државни резерви и на одлуката на Министерството за образование да не им дели учебници на основците, туку трошоците да им ги надоместува на родителите откако тие самите ќе ги набават, Сиља рече дека владата на Курти “можеби нема книги и леб, но дрога има во изобилство“.

– Денеска, додека ова го зборуваме, според Агенцијата на статистики на Косово, од над 1,2 милиони граѓани на возраст за работа, над 77 илјади се невработени и над 750 илјади се економски неактивни. А околу 100 илјади млади ја напуштиле земјата во последните две години. Користењето дрога и трговијата со дрога од страна на партијата на власт го помага и едното и другото. Оваа влада можеби нема книги и леб, но дрога има во изобилство, рече Сиља.

Во „конкурсот“ што за партијата на Курти го објави опозициската ПДК, освен за во Приштина, се бараат дилери на дрога во четири градови во Албанија – Тирана, Драч, Валона и Саранда. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Струга е светска поетска престолнина за светски признати мајстори на поетската реч изговорена на многу јазици

Следно

Ливерпул го продава Мохамед Салах ?

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop