Во Северна Македонија се одбележа Денот на независноста на Украина

August 24, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Амбасадата на Украина во Северна Македонија и Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ го одбележаа Денот на независноста на Украина со симболичен марш во Скопје, јавува Анадолу.

Маршот започна од споменикот „Тарас Шевченко“ во паркот „Жена Борец“ до „Алеја на Украина“ во центарот на Скопје, во кој покрај десетици Украинци, учествуваа и амбасадори и претставници на неколку западни земји.

Во своето обраќање амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, рече дека Украинците вторпат по ред го слават Денот на независноста во услови на жестока руска агресија врз Украина.

Таа рече дека од почетокот на воената агресија, државата агресор убила илјадници Украинци, додавајќи дека „руското зло им се заканува и на другите европски држави“.

Амбасадорката на Украина се заблагодари за помошта и поддршката од западните земји, нагласувајќи дека Северна Македонија била покрај Украина уште од првите денови на инвазијата.

„Сакам да нагласам дека Украина и Украинците плаќаат многу висока цена, животот. Затоа секоја одлука поврзана со помагање на Украинците е од витално значење за нас. Ни овозможува да преживееме, да се бориме, да се браниме, да се заштитиме“, рече амбасадорката.

Потсетувајќи дека Украина одбележува 32 години од својата независност од Советскиот Сојуз, претседателот на здружението „Лесја Украинка“, Олександр Урбанович, им се заблагодари на сите доброволци и бранители што „ја доближуваат победата на Украина“.

„Веќе две години се бориме за својата независност по руската инвазија. Со ова ние не ја браниме само својата независност туку и независноста на целиот свет затоа што видовме со кој ѕвер ние се соочивме како Украинци“, рече Урбанович.

Свој говор имаше и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој рече дека македонскиот народ ќе продолжи да им дава поддршка на Украина и украинскиот народ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тони Крос со еден збор кажа што мисли за трансферот на големиот шпански талент во Саудиска Арабија (ФОТО)

Следно

Кина го запре увозот на сите морски производи од Јапонија

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март

Познати четвртфиналните двојки: Дуели на титаните во Париз, Мадрид и Барселона

Со завршувањето на вечерашните четири реванш осминафинални пресметки во Лигата на шампионите, одредени се сите учесници во четвртфиналето на Лигата на шампионите. ПСЖ – Ливерпул Реал Мадрид – Баерн Минхен Барселона –
Go toTop