Русија: 10 загинати во авионска несреќа меѓу кои и шефот на „Вагнер“, Пригожин

August 23, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Евгениј Пригожин, шефот на паравоената група „Вагнер“, доцна вечерва потврдено е дека се наоѓал во приватниот авион што се урна во северозападниот руски регион Твер, при што загинати се сите 10 патници, пренесува Анадолу.

Во соопштението на руската Федерална агенција за воздушен сообраќај наведени се 10 имиња, од кои тројца се членови на екипажот, кои се качиле во авионот „Ембраер“. На листата е и коосновачот на „Вагнер“, Дмитриј Уткин.

„Летот на авионот Ембраер-135 (ЕБМ-135БЈ) е извршен со дозвола за користење на воздушниот простор, издадена согласно утврдените процедури“, се додава во соопштението.

Агенцијата првично објави дека специјално формирана комисија започнала истрага и дека во авионот на МНТ-Аеро, кој патувал од Москва кон Санкт Петербург, имало седум патници и тројца членови на екипажот.

Се наведува дека Комисијата започнала со увид на местото на настанот и со собирање „фактички материјал за обуката на екипажот, техничката состојба на авионот, метеоролошките услови на рутата на летот, работата на контролата на летање и копнената радио опрема“.

„Во оваа фаза од истрагата експертите ќе мора да бараат и средства за објективна контрола на леталото, последователно декодирање и анализа на записите од црната кутија“, се додава во соопштението.

Руското Министерство за вонредни ситуации преку Телеграм соопшти дека авионот се урнал во близина на селото Куженкино при што, според прелиминарните информации, загинале сите 10 лица во авионот.

Истражната комисија на Русија, исто така, преку Телеграм соопшти дека започнала процес за кривична одговоност врз основа на „прекршување на правилата за безбедност во сообраќајот и функционирањето на воздушниот транспорт“.

Во извештајот на државната новинска агенција РИА, цитирајќи извор од службите за итни случаи, се вели дека на местото на несреќата биле пронајдени осум тела.

„Демонстративната елиминација на Пригожин и командата на ‘Вагнер’ два месеци по обидот за државен удар е сигнал од (рускиот претседател Владимир) Путин до руските елити пред изборите во 2024 година. „Внимавајте! Нелојалноста е еднаква на смрт“, напиша советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак на платформата X, коментирајќи во врска со падот. „Но, тоа е сигнал и за руската војска: Нема да има херои на СВО („специјалната воена операција“). Ако тоа не е украинскиот суд, тоа ќе биде куршумот на ФСБ (Руската Федерална служба за безбедност)“.

Пригожин се најде на насловните страници во јуни кога започна „вооружен бунт“ против руското раководство, потег кој набрзо го прекина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Пригожин си потпишал смртна казна кога поверувал во ‘гаранциите на Лукашенко’ и ‘чесниот збор’ на Путин”

Следно

МВР: Локализирани пожарите во Кривогаштани и Сарај, фрлени над 45 тони вода

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството
Go toTop