Путин: Непријателските дејства на Западот и Киев доведоа до војната во Украина

August 23, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин денес повтори дека војната во Украина е предизвикана од непријателските дејства на Западот и Киев, како и од желбата на одредени земји да ја задржат својата глобална хегемонија, јавува Анадолу.

„Сакам да истакнам дека желбата да ја задржат својата хегемонија во светот, желбата на некои земји да ја задржат оваа хегемонија, доведе до тешката криза во Украина“, рече Путин во своето обраќање преку видеолинк на 15. Самит на БРИКС во Јоханесбург.

„Кризата“, рече тој, „првпат беше создадена за време на Мајданските протести во 2014 година“, кои ги опиша како „неуставен државен удар“ со помош на западните земји.

Протестите во Украина, за кои Москва тврди дека биле поддржани од Западот, доведоа до соборување на претседателот Виктор Јанукович, кој се сметаше за проруски настроен.

Оттогаш граѓаните кои говорат на руски јазик во Донбас, Источна Украина, се борат против украинската Армија.

Во февруари 2022 година Москва ја започна својата „специјална воена операција“ за „денацификација“ и „демилитаризација“ на Украина и за заштита на населението во земјата што говори руски.

Рускиот претседател истакна дека осумгодишната војна е започната „против оние луѓе што не се согласуваат со овој државен удар, сурова војна, војна за истребување“ и додаде дека Москва ги поддржува оние што „се борат за својата култура, за своите традиции, за својот јазик, за својата иднина“.

„Нашите дејства во Украина се диктирани од само едно нешто, да се стави крај на војната што ја започнаа Западот и неговите сателити во Украина против луѓето што живеат во Донбас“, рече Путин.

Рускиот лидер рече дека економскиот блок БРИКС, кој освен Русија ги вклучува и Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка, е едногласен по прашањето за формирање мултиполарен светски поредок што е „навистина фер и заснован врз меѓународното право“.

„Ние сме против секаков вид хегемонија промовирана од некои земји поради нивната ексклузивност и врз основа на овој постулат на нова политика, политиката на продолжување на неоколонијализмот“, рече Путин.

Осврнувајќи се на претстојното руско претседавање со економскиот блок следната година, рускиот претседател истакна дека следниот самит на БРИКС би можело да се одржи во градот Казан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Курти: На северот на Косово нема ескалација кога официјален Белград не планира насилни протести

Следно

АМСМ: Патот од Берово до Струмица од 15:30 е во прекин во двата правци

Latest from Blog

Турција и Грција ќе ја прошират соработката за достигнување на целта од 10 милијарди долари во билатералната трговија

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Соработката меѓу Анкара и Атина ќе се прошири во различни сектори за да се постигне целта од 10 милијарди долари во билатералната трговија, изјави денес турскиот заменик-министер за надворешни

МЗТ Скопје до прв триумф во полуфиналната серија со МКК Куманово

Кошаркарите на МЗТ Скопје остварија сигурна победа од 81:64 во првиот дуел со МКК Куманово од полуфиналната серија на плејофот во македонската машка кошаркарска лига. Домаќините издоминираа во првите дваесет минути и

Јеменските Хуси објавија дека истрелале ракета кон израелскиот аеродром „Бен Гурион“

АНКАРА (АА) – Јеменските Хуси денес соопштија дека истрелале ракета кон аеродромот „Бен Гурион“ во Централен Израел, со што ја прекинале работата на аеродромот, пренесува Анадолу. Во соопштението на војската на Хусите
Go toTop