Соборен рекорд на натпреварот во лежење во Црна Гора: 12 учесници лежат повеќе од 120 часа

August 23, 2023
1 min read

ПОДГОРИЦА (АА) – На натпреварот во лежење што се одржа во црногорското етносело Брезна, меѓу Никшиќ и Плужина, утринава е соборен рекорд, јавува Анадолу.

Дури 12 натпреварувачи лежат повеќе од 120 часа со што е соборен досегашниот рекорд на победничката на натпреварот од 2021 година, Дубравка Алексиќ од Подгорица, која лежеше 117 часа. Ова го изјави за АА организаторот на натпреварот и сопственик на етноселото Брезна, Миќо Благојевиќ.

Натпреварот започна во петокот наутро со 21 натпреварувач. Во меѓувреме, деветмина натпреварувачи се откажаа, а 12 се борат за наградата од 1.000 евра.

Правилата им забрануваат на учесниците да стануваат, но дозволено е спиење, читање книги, јадење и пиење. На секои осум часа на натпреварувачите им е дозволено да одат во тоалет.

Ова е натпревар по кој Црна Гора е единствена во Европа, а особено е интересно поради прифатениот стереотип за оваа нација дека е мрзлива.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СО РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА „БОЈАТА НИЗ МУЗИКАТА“ ОДБЕЛЕЖАНИ 90 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ВЕЛЕШКИОТ УМЕТНИК АНГЕЛ ПЕТРОВ

Следно

Багдад: Ирачкиот претседател го прими на средба турскиот министер за надворешни работи Фидан

Latest from Blog

Вкупниот промет на Македонската берза над 21,4 милиони денари, МБИ10 порасна 2,60 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 30.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.044,58 поени. Во однос

Скопскиот аеродром бележи силен подем: 34,8% раст и место во европскиот врв

Меѓународниот аеродром Скопје во август забележал значителен раст на патничкиот сообраќај, со што се најде меѓу најбрзорастечките аеродроми во Европа во својата категорија. Според најновиот извештај на ACI EUROPE, патничкиот воздушен сообраќај

Нетанјаху тужи новинари и медиуми

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поднесе тужба за клевета против три медиумски куќи и шестмина новинари во Израел поради извештаи во кои се тврди дека тој лично бил предупреден за нападот на Хамас
Go toTop