Фон дер Лајен: Се надевам дека сите партии ќе ги поддржат уставните измени, С Македонија припаѓа во ЕУ

August 22, 2023
1 min read

Претседателката на ЕК ја испрати пораката преку објава на Твитер, а доаѓа по нејзината средба со премиерот Димитар Ковачевски вчера во Атина

Ковачевски во интервју за МИА од Атина, исто така, се осврнува на средбата со Фон дер Лајен велејќи дека и двајцата изразиле задоволство што процесот на уставните измени започна успешно во македонскиот парламент и надеж дека пратениците во Собранието ќе имаат визија и храброст да донесат важна одлука за продолжување на на европската интеграција на земјава

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, во објава на својот твитер-профил, денеска изрази надеж дека сите партии во македонскиот парламент ќе ги поддржат уставните измени и патот на земјата кон Европската Унија.

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен / Фото: Архива

Објавата на претседателката на ЕК доаѓа е во контекст на нејзината средба со премиерот Димитар Ковачевски одржана вчера во Атина, а на маргините на неформалната вечера што по повод 20-годишнината од Декларацијата од Солун од Самитот ЕУ – Западен Балкан која ја организираше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

„Добра размена на мислења со премиерот Димитар Ковачевски. Го поздравив поднесувањето на уставните амандмани од неговата влада во парламентот. Се надевам дека сите партии ќе ги поддржат, за придвижување на европскиот пат на Северна Македонија. Северна Македонија припаѓа во ЕУ“,

напиша Фон дер Лајен на Твитер.

На средбата со претседателката на ЕК се осврна и премиерот Димитар Ковачевски во интервју за новинската агенција МИА објавено денеска. Во него тој вели дека со Фон дер Лајен разговарале за неколку значајни теми. Првата, како што потенцира, се однесувала на уставните измени.  

„Првата тема беа секако уставните измени кои веќе се наоѓаат во собраниска процедура и за кои изразивме и двајцата задоволство што процесот започна. Процесот започна успешно и се надевам, исто како што и Европската Унија се надева дека во нашето Собрание ќе има визија, ќе има храброст, пратениците да донесат една важна одлука која се однесува на продолжување на европската интеграција на Северна Македонија“,

вели Ковачевски за државната новинска агенција.

Друга тема на која разговарале, а ја истакнува Ковачевски, е планот за развој на Западен Балкан.

„Знаете дека станува збор за план кој беше промовиран лично од претседателската на Европската комисија, а потоа и во детали разговаран во Тирана заедно со еврокомесарот за проширување г. Вархеји и којшто се однесува на зголемување на финансиските средства за финансирање на регионални проекти во земјите од Западен Балкан, зголемување пред се на економската соработка помеѓу земјите и забрзување на процесот на интеграција во ЕУ“,

вели премиерот.

Во рамките на овој процес, Ковачевски најавува серија состаноци, меѓу кои и посета на Фон дер Лајен на земјава и негова посета на Брисел.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Маск сепак бил на линија со Путин по почетокот на војната

Следно

Лишен од слобода дебранец поради обљуба врз малолетничка

Latest from Blog

Македонија U18 славеше во Бугарија – Индонезија совладана со 1:0

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години оствари победа од 1:0 против селекцијата на Индонезија на контролниот натпревар одигран во Банско, Бугарија. Стрелец на единствениот погодок беше Иван Танчев, кој уште во првото

Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија

Торба, во која имало експлозивна направа со далечински управувач била оставена во близина на влезот на хотелот, до градската гимназија, предизвикувајќи паника кај граѓаните и туристите во областа. По дојавата, полицијата веднаш

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Колумбија денес беше погодена од земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13 километри, додека на површината бил најблиску

Ангелов: Ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов изјави дека околу 2:30 часот по полноќ добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму. -Се гледаа одредени пламени јазици, но
Go toTop