СО ПРЕТСТАВАТА „ЛАГАТА“ ВЕЧЕРВА СЕ СПУШТА ЗАВЕСАТА НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“

August 20, 2023
2 mins read

Импресивни, возбудливи и блескави доживувања на врвните концерти и театарски претстави кои ги понудивме на ова 63. фестивалско издание на автентичните локалитети, Античкиот театар, црквата Св.Софија, предворјето на Св. Софија, Долни Сарај, и Центарот за култура се сведоштво дека фестивалот „Охридско лето“ е специфичен и посебен, препознатлив и единствен на нашите простори, како еден од најистакнатите културни настани во Европа и светот. Фестивал кој е меѓу петте најдобри во Европската асоцијација на фестивали.

Ова денеска на завршната прес-конференција по повод годинешното фестивалско издание го изјави директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

„Реализиравме восхитувачки настани кои публиката ги проследи со огромна радост. За повеќето настани се бараше карта повеќе, бележиме 50 процентно зголемување на продажбата, а она што за нас е посебно значајно, е тоа што имаме рекордна посетеност на странската публика. Резервации се правеа од Англија, Франција, Турција, Србија, Америка, Канада, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Холандија, Унгарија, Грција, Шпанија, Португалија, Полска, Норвешка, Финска, Шведска, Русија, Белгија, Австралија, Бразил, Израел. Тоа е доказ дека силата на музиката и театарот не познава граници. Околу 1000 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари… вградија дел од себе за да го направат возвишено и успешно годинешното издание на ‘Охридско лето’. Изминативе 40 дена создадовме убавина, а во фестивалската историја впишавме светски уметници кои ја надополнија големината на фестивалот“, рече Поповиќ.

Селекторката на музичката програма на фестивалот, Бисера Чадловска рече дека годинава не изостана квалитетот во поглед на музичкиот репертоар на фестивалот.

„Изминативе 40 дена кажавме сѐ што имаме да си кажеме за оваа година. Оставам делата да зборуваат, а нам како селектори посакувам да се надминеме себеси идната година. На крајот на целиот фестивал и по последниот концерт којшто вчера се одржа на програмата на ‘Охридско лето’, ни останува само да се заблагодарам на сите вработени во Националната установа „Охридско лето“ за нивната несебична поддршка и нивниот огромен труд којшто го вложија во овој фестивал“, рече Чадловска.

Според селекторката на драмската програма, Сања Арсовска, годинешното фестивалско издание и во поглед на театарските претстави е едно од најуспешните.

„Како што можеме да видиме од впечатоците на публиката, ова беше едно ретко успешно издание. Тоа го кажуваат и интересите и продажбата на билетите за театарските претстави. Имавме навистина богата театарска програма, почнувајќи од претставата ‘Бикот на Фаларис’, преку спектакуларната ‘Исповедите на серискиот убиец’ со Џон Малкович, ‘Ана Каренина’ на Пројковски, Жолдаковата ‘Едвард Втори’, ‘Сергеј е многу глупав’ од Охридскиот народен театар, магичната ‘Декамерон’ на Прилепскиот театар, неверојатната ‘Нора’ на Нела Витошевиќ, а ова лето ќе биде запаметено како посебно, вклучувајќи го и затворањето што ќе се случи вечерва, со претставата ‘Лагата’ во режија на Никола Љуца, а во продукција на Драмскиот театар од Белград“, кажа Арсовска.

Завесата на годинешното фестивалско издание ќе биде спуштена вечерва со театарската претстава „Лагата“ и извонредните актери од Драмскиот театар Белград.

„Ова е прво учество на Драмскиот театар Белград на фестивалот ‘Охридско лето’ што ни импонира зашто сметаме дека ‘Охридско лето’ е еден од најзначајните фестивали, не само во регионот, туку и пошироко. Се радуваме што вечерва ќе играме пред повеќе од двеилјадна публика. Драмскиот театар Белград е најстариот градски театар во Белград основан 1947 година. Нашата интенција е да се промовираат новите тенденции во театарот. И вечерашната претстава ‘Лагата’ е на тој пат, во режија на Никола Љуца, извонреден млад уметник кој подеднакво е добар и во театарот и во филмот. За оваа претстава што е на нашиот репертоар досега не остана ниту една карта непродадена, рече директорот на Драмскиот театар во Белград“, Југ Радивојевиќ.

Во претставата „Лагата“ играат Милош Биковиќ кој важи за еден од најпопуларните актери во регионот, Тамара Крцуновиќ, Јелисавета Теодосиќ и Миодраг Радоњиќ.

Театарската претстава „Лагата“ ќе се одигра на Античкиот театар со почеток во 21 часот.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Овоземните супер-моќи на Дедпул

Следно

Русија тврди дека спречила украински напад со беспилотнo леталo врз Москва

Latest from Blog

Косово забрани хиџаб во училиштата

Судот ја отфрли тужбата поднесена од Мрежата за професионален развој на жените „Арита“ против одлуката, објавува Klix.ba. Судот ја потврди надлежноста на Министерството Организацијата „Арита“ тврдеше дека забраната за носење хиџаб во

Тројца мртви, осум исчезнати во лавина во Непал

Тројца алпинисти, меѓу кои и еден странски државјанин, загинаа, а осум други се водат како исчезнати откако лавина погоди експедиција на хималајски врв во Непал, соопшти полицијата во понеделник. Петмина странци се

Битола трчаше во чест на слободата – Тони Коњановски: Со спорт и заедништво го одбележавме 4 Ноември, Денот на ослободувањето

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, вечерва присуствуваше на 67-та традиционална ноќна атлетска трка, која секоја година се одржува во чест на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. „Повеќе од шест

Супермесечината в среда ќе биде најблиската и најсветлата во 2025 година

Љубителите на небесни феномени ги очекува уживање оваа недела. В среда ќе видиме супермесечина, позната и како „Месечината на дабарот“, која ќе биде најблиската и најсветлата полна месечина во 2025 година. Месечината
Go toTop