Сиријците се борат со жештините во бегалскиот камп во Идлиб каде температурите се искачија до 50°C

August 20, 2023
1 min read

ИДЛИБ (АА) – Внатрешно раселените лица кои живеат во кампови во северозападната сириска покраина Идлиб се борат да преживеат во импровизираните шатори додека температурите достигнуваат и до 50 °C, јавува Анадолу.

Зголемените температури уште повеќе им задаваат маки на жителите, кои се сместени во импровизираните бегалски кампови, каде што најголем дел се жени и деца.

Екстремните топлотни бранови можат да бидат фатални за лицата со хронични заболувања, а кај децата може да предизвикаат различни кожни проблеми.

Жителите на кампот, кои веќе се борат да најдат доволно вода во подрачјето, се обидуваат да ги разладат шаторите на примитивен начин.

Тимовите на сириската цивилна одбрана (Бели шлемови) и невладините организации во Идлиб често ги предупредуваат цивилите да не ги напуштаат своите шатори освен ако е апсолутно неопходно.

Мухамед Дамис, кој избегал од бомбардирањето на сириската армија во 2019 година и се засолнил во андалузискиот камп во селото Зердене, за Анадолу изјави дека жителите во регионот живеат тешки денови поради екстремните горештини.

Тој рече дека им недостигаат основни средства за живот и дека „возрасните и децата се жалат на топлината во импровизираните кампови“.

„За да го ублажиме ефектот на сонцето, носиме буриња полни со вода и ги прскаме шаторите“, раскажа тој.

„На крајот на денот, температурите се спуштаат на 45°C, но во шаторите останува 51°C“, рече тој.

Живеењето во шатори е неподносливо, рече Дамис, објаснувајќи дека „нема батерии во шаторите, и нема вентилатори. Полниме голем леген со вода да ги еазладиме бебињата“.

Мухамед Чесим, друг жител на кампот рече дека живее во истиот бегалски камп веќе четири години и дека неговиот шатор почнува да се распаѓа.

„Доколку во шаторите има панели на соларна енергија или некако може да добиеме струја, можеме да вклучиме вентилатор и да го олесниме ова страдање што го доживуваме во моментов“, посочи тој.

„Ова се најтешките денови во нашите животи“, рече тој, додавајќи: „Ништо не можеме да правиме. Не можеме да седиме или да спиеме поради жештината“.

Според Обединетите нации (ОН) околу 1,9 милиони раселени луѓе живеат во околу 1.430 кампови или самонаселени места во северозападна Сирија, од кои најголемиот дел се жени и деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голем гест на Ливерпул: Почит на починатиот фан на Евертон

Следно

Израелскиот министер за финансии Смотрич: „Ќе ја интензивираме изградбата на еврејски населби на Западниот Брег“

Latest from Blog

Нетанјаху: Копилотот на авионот на „Флајдубаи“ бил подложен на радикална исламистичка индоктринација

Копилотот на патничкиот авион кој го избоде капетанот во очигледен обид да го собори авионот додека летал кон Израел, бил подложен на радикална исламистичка индоктринација и очигледно имал самоубиствени намери, изјави  израелскиот

Група студенти седум часа силувале своја колешка- скандал на елитен универзитет во САД (ФОТО)

Како што е сега познато, истрагата потоа била прекината. Сепак, обвинителството сега повторно го отвори случајот. На 8 ноември 2024 година, тогаш 20-годишната студентка се појавила во полициската станица на универзитетот и

Шок во Белград: Мајк Џејмс во солзи ја напушти арената на носилки (Видео)

Шокантни сцени во Белград. Една од најголемите ѕвезди на Евролигата, Мајк Џејмс, се здоби со тешка повреда на натпреварот меѓу Црвена ѕвезда и Анадолу Ефес. Американскиот кошаркар се повреди во третата четвртина,
Go toTop