Уставни измени: Двајца пратеници од мнозинството не гласаа за дневниот ред, Ковачевски уверува дека имаат апсолутно единство во коалицијата

August 18, 2023
4 mins read

За усвојување на дневниот ред на денешната седница собраниска седница, со која почна постапката за уставни измени, не гласаа пратеникот на СДСМ, Диме Велковски, и неговиот колега и коалициски партнер Илија Николовски, претседател на Партијата на пензионерите. Како што рече премиерот Ковачевски на прес-конференцијата по завшувањето на седницата, Николовски имал проблеми со притискањето на копчето од системот за гласање, а Велковски не бил присутен на седницата и неговото отсуство било најавено, што, како што рече премиерот, не значи дека нема да биде присутен на наредните седници

За дневниот ред денеска не гласаше и пратеникот од Движењето Беса, Фадил Зендели, иако сите партии и нивни пратеници од албанскиот блок најавија дека ќе ги поддржат уставните измени

Премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конфренција, изјави дека во СДСМ, чиј претседател е, и во коалицијата што ја предводи има апсолутно единство во однос на поддршката и гласањето за уставните измени.  

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата / Фото: Принтскрин

Прашањето за единството во коалицијата се наметна откако нејзини двајца пратеници не гласаа за утврдување на дневниот ред на денешната седница со која почна пленарната собраниска постапка за уставни измени.  

Како што може да се види од листата на гласање објавена на интернет-страницата на Собранието, за дневниот ред не се изјасниле пратеникот на СДСМ, Диме Велковски, и неговиот колега и коалициски партнер Илија Николовски, претседател на Партијата на пензионерите. Тие не гласале ниту „за“, ниту „против“, нути „воздржано“. 

Гласањето за дневниот ред на денешната седница беше еден вид лакмус за бројот на пратеници кои поддржуваат уставни измени. Дневниот ред беше усвоен со 70 гласа „за“ и 47 „против“ и ниту еден „воздржан“. Ова беше поздравено од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, според нив, е јасен идикатор дека власта го нема потребното мнозинство за излгасување на уставните измени со кои Бугарите и делови од уште пет народи треба да влезат во Преамбулата на највискиот правен акт во државата.

На прес-конференцијата што премиерот Ковачевски ја одржа во Владата по заршувањето на седницата во Собранието, тој беше прашан – дали негласањето на двајцата пратеници значи дека во СДСМ и коалцијата што ја предводи нема единство за уставните измени. Новинарката го потсети премиерот дека Велковски, случајно или не, не гласаше ниту за заклучоците за т.н. француски предлог, лани во јули.  

Ковачевски одговори:    

„Во нашата партија и коалција има апсолутно единство во однос на гласање на уставните измени. Пратеникот Илија Николовски, инаку претсдател на Партијата на пензионерите, имаше проблем со пристискањето на соодветното копче на системот за гласање, меѓутоа за да не бара поединечно изјаснување беше оставено со 70 гласа да биде изгласан дневниот ред. Инаку, тој постојано беше со коалицијата. Пратеникот Диме Велковски денеска не беше, беше најавено неговото отсуство и не беше присутен во Собранието, што не значи дека нема да биде присутен на наредните седници“.

Пратеникот и претседател на Партијата на пензионерите, Илија Николовски, на денешната седница

Ковачевски беше прашан и дали е точно дека еден пратеник од СДСМ, кој денеска не беше присутен на седницата, планира да поднесе оставка и да не гласа за уставните измени во иднина.  

„Нема таква информација дека пратеник сака да поднесе оставка“,

рече премиерот Ковачевски.

Пратеникот од редовите на СДСМ, Диме Велковски, денеска не беше присутен на собраниската седница/ Фото: Принтскрин (Архива)

Инаку, за дневниот ред денеска не гласаше и пратеникот од Движењето Беса, Фадил Зендели, иако сите партии и нивни пратеници од албанскиот блок најавија дека ќе ги поддржат уставните измени.  

Зошто не гласаше, Зендели не се произнесе, иако беше дел од пратениците што земаа збор на седницата. Ставот на Зендели може да се насети од неговиот говор. Во него тој се осврна на прашањето зошто толку време и требало на Владата за да го достави предлогот за уставни измени до Собранието, притоа заклучувајќи дека единственото можно образложение е намерата со тоа да купи време и да се задржи на власт до крајот на мандатот, притоа занемарувајќи ја европската агенда.  

„Вие често се повикувате на европската агенда, но од друга страна станува збор за политички калкулации и за купување време и вашиот мандат да се одолговлекува до крај“,

рече Зендели.  

Говорејќи за интервенцијата во Преамбулата на Уставот, Зендели рече дека таа досега била толку пати менувана, што почнала да го губи значењето.  

„Има и едно друго прашање кое јас како Албанец и пратеник сакам да го поставам, овој начин на интервенција во Преамбулата, на некој начин, го става во не добра положба албанскиот народ. Позиција која не е во согласноста со тоа што се Албанците“,

рече Зендели.  

Момент од обраќањето на пратеникот на Движењето Беса, Фадил Зендели, на денешната собраниска седница за уставните измени / Фото: Архива

Ова тој го аргументиташе со барањето за промена на формулацијата „20 проценти“ во „албански јазик“, што дел од партиите од албанскиот политички блок, претежно од опозицијата, но и владејачката Алијанса за Албанците го бараат изминатиов период.  

„За нас Албанците ова (ваквата формулација) е неприфатлива. За ова прашање треба да се најде решение и не бегаме од ваквата одговорност“,  

рече Зендели.

По усвојувањето на дневниот ред и дискусијата која траеше околу два и пол часа, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја прекина седницата, соопштувајќи дека за нејзиното продолжение, на кое треба да се гласа за пристапување кон измена на Уставот и за што е потребно двотретинско мнозинство, ќе извести дополнително.  

Ова наиде на негодување кај пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои на прес-конференција по завршувањето на седницата, порачаа дека уставни измени под бугарски диктат нема да има и побараа предвремени избори.

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од сите министри, на прес-конференцијата во владиниот прес-центар, рече дека денешниот ден донел два заклучока. Првиот е дека процесот за уставни измени е започнат со изгласнување на дневниот ред, а вториот и многу поважен е дека денеска станало кристално јасно кој сака Северна Македонија да стане просперитетна држава, а кој сака да ја блокира европската иднина на земјата. Тој порача дека нема да потклекнат пред блокадата на ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе продолжат до обезбедување двотретинско мнозинство.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

За долг од 200 евра плаќа 4000 евра камата – „Извршителот на одмор, странките нека се жалат кај сакаат“

Следно

Пожарникари од Гевгелија и Дојран го изгаснаа пожарот кај селото Ѓопчели

Latest from Blog

Проданоски: Слободата е завет што Прилеп го пренесува на идните генерации

Со положување свежо цвеќе и оддавање почит пред спомениците на народните херои, во Прилеп утрово започна одбележувањето на 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. Градоначалникот Дејан Проданоски истакна дека овој

На познат фудбалер од Премиерлигата му се заканувале со пиштол!

Страшно. Како што пренесуваат медиумите на Островот, неименувана ѕвезда од англиската Премиерлига, вредна речиси 70 милиони евра, била држена под закана со пиштол во центарот на Лондон. Фудбалерот, кој е во своите

Се урна дел од кула во близина на Колосеумот во Рим – едно лице е заробено под урнатините

Еден работник е хоспитализиран со сериозни повреди по делумното уривање на средновековна кула која била во фаза на реновирање во центарот на Рим, во близина на Колосеумот, објави новинската агенција АНСА. Двајца

Ѓорѓиевски: Со поддршка од Град Скопје, Бети ќе постигне уште повеќе за Кисела Вода

Досегашниот градоначалник на Кисела Вода и нов градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално ѝ ја предаде функцијата на својата наследничка, Бети Стаменкоска Трајкоска. На свечената примопредавање на должноста, Ѓорѓиевски ја пофали

Дневен хороскоп: Близнаците да не ја трошат енергијата, Лавот да внимава на потребите на партнерот

Овен Почетокот на работната недела ве наполнува со моќна креативна енергија. Понеделник ве поттикнува да ја претворите инспирацијата во конкретни чекори, но бидете внимателни со импулсивните одлуки. Космосот фаворизира проекти кои бараат
Go toTop